Author: НОВА ТВ Mitreska

СДСМ денеска на официјалниот профил објави дека стапил на функција новиот генерален секретар на партијата, Миле Зечевиќ. Зечевиќ беше избран за генерален секретар на последната седница на Централниот одбор на која беа избрани и потпретседатели на партијата, како и нов состав на Извршниот одбор. Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски од новиот тим очекува чесност во работењето, ефикасност и одговорност: – Тимот е избран врз основа на основите за кои се залагав во програмата и во самото презентирање на мојата кампања, а тоа е дека ќе бидат стручни и ефикасни во извршувањето на своите одговорности. Тоа го побарав од сите пред…

Read More

Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето на Утрински брифинг зборува за реакциите по одлуката на Апелација за ослободување на Мијалков од притвор и апелираше до Судскиот совет да преиспита по кој основ судиите Ѓоко Ристов и Енвер Беџети ја донеле оваа одлука ако се има предвид претходното бегство на обвинетиот поранешен шеф на УБК. – Ниту на каков било начин имам влијаено врз одлуките на судот. Само упатив само повик до судиите да си ги дообјаснат своите одлуки. Кога имаше криза со обидот за бегството или полуобидот за бегство на Мијалков прстот беше вперен кон извршната власт. Сметам дека…

Read More

Снабдувањето со енергенси, транспортот и имотно-правните односи кои се ограничувачки фактор за раст и развој на компанијатa Макстил, беа тема на разговор на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески со генералниот директор Иван Бановски и извршниот директор Петар Јаневски. Азески со тим на комората вчера ја посети  „Макстил“, која е една од носечките компании на промените во техничкиот и технолошкиот развој на металната индустрија во нашата држава. Од комората посочуваат дека заради природата на дејноста „Макстил АД“ е упатена на користење на железничкиот транспорт, а квалитетот на железничката инфраструктурна поврзаност на Република Северна Македонија со соседните држави,…

Read More

Во Скопје денеска официјално е отворен Конзулат на Малта, a за почесен конзул на оваа островска држава е именуван Кочо Анѓушев. Именувањето на Анѓушев е одобрено од Владата на Малта, а соодветни одобрувања се дадени и од македонската Влада. – Ќе ми претставува особена чест и задоволство да бидам почесен конзул во нашата држава на Малта која е членка на Европската Унија. Малта, иако мала со околу 460.000 население, таа е економски високоразвиена земја од која имаме многу да научиме. Соработката и трговската размена со Малта е на многу ниско ниво и ќе ми биде предизвик да работам на зголемување на,…

Read More

 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 4.751 тестирања, а регистрирани се 409 нови случаи со ковид-19, девет починати и 289 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од новозаболените 409 случаи од Скопје се 218, Прилеп – 37, Битола – 32, Кавадарци – 19, Велес – 18, Македонски Брод – 9, Кичево и Гевгелија – по 8, Куманово и Богданци – по 7, Кочани, Струга и Ресен – по 6, Охрид – 5, Тетово и Штип – по 4, Струмица и Крива Паланка – по 3, Гостивар, Делчево и Валандово – по 2, Неготино,…

Read More

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе поведе иницијатива за утврдување одговорност за Драги Рашковски до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, за незаконито постапување со цел примање награда – возило. ДКСК има сомневање за сторено кривично дело од Рашковски по член 359, став 1 и 2 од Кривичниот законик, односно примање награда за противзаконито влијание. Според Горан Трпеноски, член на ДКСК, кој денеска го образложи овој случај, екс генералниот секретар во Владата, Драги Рашковски и покрај укажувањата од Министерството за транспорт и врски, очигледно тенденциозно, доставувал информација до Владата за градење од гостиварска фирма објекти што се…

Read More

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на денешната прес-конференција наместо божиќните ги честиташе велигденските празници. „Исто така, сакам да ги честитам сите верски празници, велигденските празници“, порача Села. Присутните го корегираа дека станува збор за божиќни празници, па лидерот на Алијанса за Албанците за кратко се поправи. ВИДЕО: ТВ 21

Read More

Од денеска се ставени во функција ноќните линии на jавното сообраќајно претпријатие Скопје и тоа со 11 автобуски линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б. Воведувањето на ноќни линии е почеток на промените за подобар јавен градски превоз што е дел од програмата на раководството на ЈСП и на Градот Скопје. На овој начин за скопјани се обезбедува јавен превоз и за време на ноќните часови, што беше укинато како опција од минатото раководството на Градот пред две години. Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б, ќе сообраќаат секој ден, а преостанатите…

Read More

Ниското ниво на политичка култура и комуникација на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека оваа партија предводена од Христијан Мицкоски нема намера да се промени. Очигледен е стравот во белиот дворец од претседателот Димитар Ковачевски и новото раководство на СДСМ, се вели во реакцијата на СДСМ. „Додека СДСМ се менува постојано за уште подобро да им служи на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се уште е заглавена во режимската матрица. СДСМ се реорганизира и ќе продолжи да се демократизира и да создава и поддржува нови кадри, да се потпира и вклучува луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста. Тоа не е случај со ВМРО-ДПМНЕ,…

Read More

 Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) согласно планот за проверка на имотната состојба во 2022 година ќе ги проверува податоците од изјавите за имот на 10 судии и 10 обвинители, 10 директори на јавни здравствени установи, четворица раководни лица во државните инспекторати за транспорт, за градежништво и урбанизам, за животна средина и за земјоделство. Првпат ќе се проверуваат и изјавите на 10 претседатели на совети во локалната самоуправа и 10 директри на јавни претпријатија. Составен дел на планот, информира претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, е и акциски план за проверка на имтоната состојба и судир на интереси од областа…

Read More

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ в четврток, на 30 декември, да се одржи седница на пратенички прашања е беспредметно. Џафери потсети дека на ова прашање одговорил уште на 23. овој месец, по нивното процедуралното интервенирање. – Според договореното на координација претходно, консензуално беше определно 23 декември да биде денот на одржување на пратенички прашања, и со тоа се заокружува обврска на Собранието да ја планира активноста што произлегува како обврска од Деловникот. Барањето е беспредметно и мислам дека ќе биде вратено со ова образложение, затоа што како што кажавме Владата е во оставка и мандатот…

Read More

Собранието попладнево во рамки на продолжението на 59-та седница го донесе Предлог-законот за изменување на Законот за Собранието на Република Северна Македонија, по скратена постапка, во второ и трето читање. Законот беше поднесен од Талат Џафери, Јован Митрески, Арбер Адеми, Горан Мисовски, Никола Мицевски и Панчо Минов. Претседателот на Собранието, Талат Џафери информира дека овој закон се носи со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во земјава. Со подигнување зелен картон или „за“ гласаа 78 пратеници, еден пратеник гласаше „воздржано“, а ниту еден не…

Read More