Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Ме напаѓаат Вангеловски и Маневски, а тие беа симбол на заробеното судство

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 29, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 29, 2021 11:02

Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето на Утрински брифинг зборува за реакциите по одлуката на Апелација за ослободување на Мијалков од притвор и апелираше до Судскиот совет да преиспита по кој основ судиите Ѓоко Ристов и Енвер Беџети ја донеле оваа одлука ако се има предвид претходното бегство на обвинетиот поранешен шеф на УБК.

– Ниту на каков било начин имам влијаено врз одлуките на судот. Само упатив само повик до судиите да си ги дообјаснат своите одлуки. Кога имаше криза со обидот за бегството или полуобидот за бегство на Мијалков прстот беше вперен кон извршната власт. Сметам дека независното судство треба да си ги објасни своите одлуки на јавноста. Не може секогаш поради некои неиздржани одлуки на судиите и обвинителствата секогаш да биде виновна извршната власт. Ништо лично против Мијалков не сум имал, рече Маричиќ.

Тој нагласи дека единствен притисок врз Судскиот совет бил да си ја врши работата чесно, одговорно и професионално во рамките на законот.

– Aко јас сум користел полуги за некаков притисок тоа секако нема да било јавно, преку Фејсбук статус. Јово Вангеловски и Михајло Маневски многу добро знаат дека не би реагирал јавно преку Фејсбук. Во тоа време немаше Фејсбук статуси но имаше многу други механизми кои се напишани во меѓународни извештаи. Јас немам потреба јавно да реагирам, ако би сакал и ако би можел да влијаам на судството.

Тој потсети дека исти реакции имало и пред една година кога барање за притвор побара обвинитеството, а одлуката ја донесе судот.

– Јас и за овој случај дознав од јавноста. Инаку, имињата на судиите кои ги споменав ги дознав од луѓе внатре во судот и не велам дека тоа е правилно. Ние немаме друг начин како извршна власт да се одбраниме од нападите освен да ја повикаме судската власт да ги образложи одлуките, без да влијаеме какви ќе бидат тие. Инаку имавме и една ослободителна пресуда за Мијалков и тогаш никој не реагираше, зошто судот ја образложи таа пресуда, нагласи Маричиќ.

Целта ми е да ја повикаме судската фела на отчетност пред јавноста, ништо  повеќе, додаде министерот.

– Вангеловски и Маневски е трагикомично мене ме напаѓаат за влијание врз судството, а тие беа симбол на заробено судство. Сега толку многу е различно судството и апсолутно е смешно да се споредува. Маневски е причина поради која ЕК и Венецијанската комисија препорача министерот да не присуствува на сесисите на Судскиот совет. Има шест разрешувања на судии од Маневски кои паднаа во Стразбур и за кои државата плаќа оштета. Вангеловски е избран за претседател на Врховен суд кој беше именуван без ден работа како судија. Има кривична пријава за манипулации со притворски случај. Има пријави за злоупотреби на службената должност. Сакав да објаснам кои се ударна тупаница против мене, рече Маричиќ додавајќи дека клучно е довербата да ја имаат граѓаните.

 

Бојан Маричиќ реакции судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.