Author: НОВА ТВ Mitreska

Денеска во собраниска процедура се измените на Законот за здравствена заштита. Соња Михаиловска, пратеничка на СДСМ вели дека од ВМРО-ДПМНЕ и Левица повторно се гледа деструктивност и неодговорност. – Овие две партии повторно го блокираат законот кој е во интерес на граѓаните и здравствената фела. Лага е дека брзата помош се приватизира во  јавните здравствени установи. Со овој закон се овозможува граѓаните во руралните средини да имаат достапна и постојана здравствена заштита – вели Михаиловска. Измените на Законот за здравствена заштита во делот со Итна медицинска помош ќе овозможат зголемување на ресурсите на Брзата помош како и законско регулирање на…

Read More

Поради сообраќајна несреќа која се случила во 13.12 часот, затворен за сообраќај во двата правци е регионалниот пат Куманово-Свети Николе, соопштија денеска АМСМ и СВР Куманово. Кумановската полиција информираше дека сообраќајната несреќа се случила   на регионалниот пат кај селото Габреш, помеѓу патничко и товарно моторно возило. Полицијата сè уште врши увид и најави детални информации за подоцна.

Read More

Сашко Јовев е „Маж на годината за 2021 година“, на официјалниот избор во организација на „Џентлмен Магазин“. На гала вечерта која се одржа синоќа во DoubleTree by Hilton Skopje, во присуство на голем број претставници од бизнис секторот, политиката, и јавниот живот, беа награддени 13-те најуспешни мажи во земјава за 2021 година. На четвртиот официјален избор се избираат мажите на годината за 2021 во 13 категории. Најуспешен маж според жири комисијата која ја сочинуваа членови од докажани институции, новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти, ја доби Сашко Јовев, за маж странец наградата ја доби Дејвид Гир, амбасадорот и шеф…

Read More

Собранието денеска ја продолжи расправата за дополнетниот Предлог-буџет за 2022 година, кој е проектиран на 4,4 милијарди евра. За власта, Предлог-буџетот има силна развојна компонента и е во насока на подобрување на секојдневното живеење на граѓаните во услови на здравствена и енергетска криза, додека опозицијата смета дека се работи за мегаломански буџет во кој фиктивно се предвидени голем број капитални инвестиции. – Овој буџет е добар, не е идеален и токму затоа се прифатени голем број од амандманите од опозицијата. Тоа укажува на транспарентноста и инклузивноста при носењето на буџетот. Со Буџетот даваме силна поддршка на сите граѓани, поддршка на…

Read More

Во пет јавни претпријатија во Битола, чиј основач е локалната самоуправа се назначени нови директори. Во ЈП „Водовод“ на местото на Горан Козаров од СДСМ, именуван е локалниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен советник, Пеце Милевски. ЈП „Комуналец“ ќе го води Гордана Наумовска, вработена во претпријатието во секторот зеленило. Во ЈП „Пазари“ на директорската позиција назначена е Соња Карапашовска, магистер на економски науки. Таа ќе го замени либералдемократот Владе Атанасовски, а на местото на Зоран Дојчиновски од СДСМ во ЈП „Паркинзи“, е назначен Горан Степановски, економист, советник во претходниот мандат на Советот на општина Битола.

Read More

Основната каматна стапка и натаму изнесува 1,25%, а на денешната аукција ќе се понуди непроменет износ од 10 милијарди денари благајнички записи. Со ова, се задржува приспособливиот карактер на монетарната политика на севкупните макроекономски и финансиски услови, што воедно придонесува за натамошна поддршка на кредитните текови во економијата. Ова беше заклучено на  редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка одржана вчера, 14 декември 2021 година, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. „Нагорните придвижувања на инфлацијата кај нас, како и во…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска на плоштадот „Ибрахим Ругова“ во Приштина, на официјална церемонија со државни и воени почести беше пречекан од претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу, со што започна неговата официјална посета. Пендаровски оствари тет-а-тет средба со претседателката Османи-Садриу, по што се одржа и пленарен состанок на македонската и на косовската делегација. На средбите се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете земји при што беше посочено дека односите меѓу двете држави се конструктивни и пријателски, а соработката се одвива преку отворен и динамичен дијалог. На средбите беше нагласен интерес за развој на севкупната соработка, како во контекст на заедничките…

Read More

Повеќе од 800.000 Американци досега починаа од последици од ковид-19, што е најголем национален број на смртни случаи во глобалната пандемија. Во САД бројот на потврдени случаи достигна 50 милиони, Најголем број смртни случаи се регистрирани помеѓу невакцинираните и повозрасните лица. Повеќе Американци починаа во 2021 отколку во 2020 година. Во САД повторно е регистриран раст на смртните случаи со алармантна брзина, во изминатите 11 недели забележани се 100.000 смртни случаи. Откако вакцината Фајзер, првата вакцина одобрена во САД беше воведена минатата зима, пријавени се речиси 300.000 смртни случаи.

Read More

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе oбвинителен акт против 57 – годишен кумановец за сторено кривично дело убиство од член 123 став 3 во врска со став 2 точка 4 во врска со член 23 став 2 од Кривичниот законик. Обвинетиот се товари дека  со умисла поттикнувал двајца оштетени да лишат од живот три лица. Поттикнувањето го вршел заради безобзирна одмазда на смртта на неговата ќерка, која загинала во сообраќајна незгода превезувајќи се во возило како сопатник. Убиството кое обвинетиот го нарачувал, требало да биде ивршено врз две лица кои во моментот на несреќата биле заедно со неговата ќерка во возилото,…

Read More

„За време на кампањата на внатрепартиските избори воопшто не зборував за моето образование и професионалните усовршувања. Денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, во кое намерно се изнесуваат невистини, ме принудува да го споделам моето резиме, а со тоа и вистината за образованието и вештините кои ги имам стекнато во животот. Тие се транспарентно објавени на повеќе места на интернет, вклучително и на сајтот на Министерството за финансии. Како што пишува, имам стручно усовршување на Харвард, а такви усовршувања имам уште на три други универзитети – во Ротердам, Барселона и vo Минхен. Точно стои каде сум дипломирал, магистрирал и докторирал“, напиша претседателот на…

Read More

Димитар Ковачевски, лидерот на СДСМ заедно со премиерот Зоран Заев, попладнево одржуваат поединечни средби со претставници на коалициските партнери на кои како што дознаваме се разговарало за програмските политики на новата влада во очекување на мандатарoт. Во тек се разговори со лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов и Зоран Димитровски, заменик министер за локална самоуправа и генерален секретар на партијата. Претходно беше остварена средба и со лидерот на НСДП Тито Петковски. ЛДП информира дека претседателот Горан Милевски, потпретседателите Моника Зајкова, Игор Велјановски и генералниот сектретар Боби Мојсоски, на средба со Ковачевски, генералниот секретар Љупчо Николовски и премиерот  Заев договориле…

Read More

Големи се очекувањата од Димитар Ковачевски, новиот лидер на СДСМ кој пред членството се нафати да ја враќа довербата кај граѓаните со драстични промени во владејачката партија зад кои ќе застанат искусни и стручни луѓе – со еден збор професионалци од кои се очекува да прокламираат еден современ менаџмент. Тој и самиот нескромно најави дека не сака да испорачува „бомбастични” промени кои се однесуваат на имиња и презимиња, туку дека сака да влезе во реформска мисија чија крајна цел ќе биде ефикасен систем во служба на граѓаните. Ковачевски, барем според она што досега го кажа во јавноста и пред своите…

Read More