Author: НОВА ТВ Mitreska

Европската унија треба да го олесни пристапувањето на новите членки, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за германската новинска агенција ДПА и ги изложи своите планови за убедување Унијата да ги „модернизира“ своите процеси. „Време е не само земјите кандидати, туку и самата Европска унија да се подготви за проширување на клубот“, изјави тој за ДПА. „За да се случи тоа, мора да ги модернизира своите структури и процесите на одлучување. Нема да биде можно да се одлучува за се што е решено со едногласно гласање денес со едногласно гласање во иднина“. Тој додаде дека се надева дека ќе…

Read More

На последниот самит „Отворен Балкан“ во Охрид беше договорено да се воспостави единствен систем за електронска наплата (ENP) во три земји – Србија, Северна Македонија и Албанија. Возачите наскоро патарината ќе ја плаќаат електронски, со уникатен ТАГ уред, што треба да биде уште едно олеснување кое е иницирано во рамки на оваа иницијатива, јави дописникот на МИА од Белград. Според „Патишта на Србија“ имплементацијата на новиот систем се очекува до крајот на летната сезона. „Отворент Балкан – електронска наплата“ (Open Balkan ETC) е акција за воспоставување единствен електронски систем за наплата на патарина во овие три земји, а во „Патишта…

Read More

Русија не го менува ставот и нема да го признае таканареченото Косово, а дури и цел свет да го признае, Србија нема да го признае Косово, што е поважно од сè, изјави денеска министерот за внатрешни работи Александар Вулин, пренесуваат српските медиуми. – Признавајќи го таканареченото Косово како држава, Западот го искористи правото на посилниот, дека стапот има два краја. Во Србија, меѓународното право беше убиено во агресијата на НАТО во 1999 година, а во Украина ништо нема да го оживее. Русија се повикува на примерот на Западот, а тие што го дадоа тој пример, тешко дека имаат морален аргумент…

Read More

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел е подготвена да биде посредник во решавањето на конфликтот меѓу Русија и Украина. – Путин треба да се сфати сериозно, подготвена сум да бидам посредник, вели Меркел во интервју за германската медиумска мрежа РНД. Таа објаснува дека би се вклучила во подоцнежна фаза, додавајќи дека од неа „не било ни побарано да интервенира“. Според Меркел војната во Украина претставува „пресвртница во европската историја“. Таа ја призна и сопствената немоќ на крајот на нејзиниот мандат. Во интервјуто за германската медиумска мрежа РНД, Меркел изјави дека лани се обидела да разговара со Путин за европскиот безбедносен поредок,…

Read More

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Западот мора да продолжи да ги поддржува Украинците додека тие се обидуваат да ја вратат територијата заземена од Русија, нагласувајќи дека ќе биде „катастрофа“ доколку рускиот претседател Владимир Путин може да тврди дека победил, јави ДПА. Говорејќи на неговото враќање во Лондон по ненајавената посета на Киев, премиерот предупреди дека Украина не треба да се охрабрува да прифати „лош мир“ што едноставно ќе биде увертира за обновена руска офанзива. Џонсон рече дека е важно да се покаже поддршката на Лондон во време кога Украинците „ужасно страдаат“ пред тековната руска офанзива во Донбас. – Мислам…

Read More

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, заедно со 13 македонски компании од автомобилскиот сектор учествуваат на регионалниот автомобилски саем во Тирана. Во деновите на саемот компаниите имаат можност да се промовираат и преку низата договорени состаноци да изградат мостови за идна соработка и инвестиции. Во рамките на саемот изложени се и олд тајмери како и најновите и модерни технологии. Саемот вчера официјално го отвори премиерот на Албанија Еди Рама од кого што и беше поддржан овој настан. На свеченото отворање каде меѓу стопанствениците и посетителите  присутни беа и претседателот на косовската Бизнис Алијанса, Агим Шахини и…

Read More

Демократската унија за интеграција информира дека утре ќе организира директни партиски избори во 10 ограноци за претседатели, членови на претседателство на ограноци, претседатели на локалните совети и членови на локалните совети. Ограноците на Брвеница, Боговиње, Чашка, Долнени, Гостивар, Студеничани, Теарце, Тетово, Врапчиште и Желино, утре на демократски и рамноправен начин, почитувајќи го принципот еден член еден глас, ќе избираат свое раководство за нов мандат. Демократската унија за интеграција на овие непосредни партиски избори применува директна партиципативна демократија со вклучување на приближно 11.000 членови во 10 ограноци. – Овој целосно демократски процес се одвива во сите организациски структури, со најмалку двајца…

Read More

Предлогот на француското претседателство нѐ носи подалеку, а не поблиску до членство во ЕУ, смета поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров. – Клучното прашање е дали преку ваков договор сме поблиску до целта- членство во ЕУ. За мене, нема никакви дилеми. Со ваква рамка, ЕУ е подалеку од денес, кога се уште немаме почнато преговори – вели Димитров во изјава за Дојче Веле, по објавувањето на францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ. Тој објаснува дека предлози за решавање на проблем меѓу две страни секогаш прво доаѓаат до засегнатите страни, но фактот, како…

Read More

Руски брод кој доставувал оружје на стратешки важниот Змиски остров бил потопен, откако бил погоден од украински ракети, потврди воен претставник доцна синоќа. Рускиот црноморски реморкер „Василиј Бех“ претходно, во текот на вчерашниот ден, беше оштетен од противбродски проектили што Данска и ги достави на Украина. „Подоцна се дозна дека потонал“, соопшти преку Телеграм Максим Марченко, воениот гувернер на Одеса. Тврдењето не може да биде проверено од независен извор, а руската страна не го коментираше случајот. Бродот, опремен со противвоздушен одбранбен систем Тор, беше погоден со ракети Харпун и вчера беше тешко оштетен. Дестинацијата на влечното пловило беше Змискиот остров,…

Read More

Се разбира, јас имам начин како да имам пристап до тој документ, правиме анализа, но, ќе кажеме наш став за сите прашања кога ќе дојде време за тоа, кога ние ќе сметаме дека ќе биде во наш интерес тоа да го направиме, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Одговарајќи на новинарско прашање за прифатливоста на измените во преговарачката рамка што ги предлага Франција Османи рече дека ги следи со внимание сите јавни објави и сите реакции на граѓаните, и како што рече, „се разбира би сакал да можам да кажам повеќе”. – Меѓутоа, тоа што се случува е дека…

Read More

Генералниот директор и претседател на Управниот  одбор на Железници на РСМ Транспорт АД Скопје, Мубекир Палоши, починал изутрината, соопштија од политичката партија Алтернатива. Палоши беше именуван за директор на Железници на РСМ Транспорт АД Скопје во декември лани по склучениот договор за влегување на Алтернатива во владината коалиција. Палоши е роден во 1980 година во Скопје, каде дипломирал на Економскиот факултет за маркетинг и менаџмент

Read More

Премиерот на Бугарија Кирил Петков денеска најави дека на Самитот во Брисел следната недела нема да оди со став на Владата во однос на францускиот предлог,  туку со одлука на Народното собрание. Како што јави дописникот на МИА, според Кирил Петков, темата Северна Македонија е многу важен национален случај и за одлуката треа да има максимална вклученост. Предлогот на француското претседателство со ЕУ е веќе во Народното собрание на Бугарија. – Пратениците ќе донесат одлука, ќе ја исполнам волјата на Народното собрание, рече Петков, одговарајќи на новинарски прашања. Првиот чекор за започнување  пристапни преговори на Северна Македонија со Европската унија,…

Read More