Премиерот на Бугарија Кирил Петков денеска најави дека на Самитот во Брисел следната недела нема да оди со став на Владата во однос на францускиот предлог,  туку со одлука на Народното собрание.

Како што јави дописникот на МИА, според Кирил Петков, темата Северна Македонија е многу важен национален случај и за одлуката треа да има максимална вклученост.

Предлогот на француското претседателство со ЕУ е веќе во Народното собрание на Бугарија.

– Пратениците ќе донесат одлука, ќе ја исполнам волјата на Народното собрание, рече Петков, одговарајќи на новинарски прашања.

Првиот чекор за започнување  пристапни преговори на Северна Македонија со Европската унија, а тоа се нарекува првата меѓувладина седница, наведе Петков, е таа да започне откако тие ќе го променат Уставот, но откако ќе го променат Уставот, Бугарија да не може да ги сопре на патот.

–  А, на нивната страна, пак, да им се гарантира дека ние нема да си измислуваме по еден услов секои шест месеци, рече Петков.