Author: НОВА ТВ Mitreska

Престижниот фестивал „SoFest“ во Софија, кој веќе пет години се одржува под покровителство на градоначалничката на главниот град Јорданка Фандакова, собра многу познати имиња на бугарски писатели, уметници и изведувачи. Партнер на фестивалот беше Културниот центар на Македонија во Софија. За доброто расположение се погрижија и познатите македонски пејачи Александар Митевски и Драган Спасов -Дац, јави дописникот на МИА од Софија. Повеќе од час и половина нивните песни ги држеа посетителите на фестивалот на нозе. Дуото Александар и Дац претставија дел од својот албум „Љубовен пасош“ на кој има многу популарни песни не само од Македонија, туку и од други…

Read More

Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници ќе го следат постапувањето на институциите во врска со извршениот претрес во Идризово и очекуваат истрагата да биде темелна и сеопфатна за конечно некој да понесе одговорност за сите  пропусти во казнено поправните установи кои се случуваат со години. – Доколку и во овој случај се избегне директна одговорност, тешко дека може да ги очекуваме посакуваните позитивни промени во целокупниот пенитенцијарен систем, се вели во реакцијата на Хелсиншкиот комитет. Покрај проблемот со корупцијата, кој е причина и за голем број други тешки предизвици и пропусти кои беа откриени со…

Read More

Народе мој ви благодарам за вашата искрена поткрепа! Ве љубам од длабочината на срцето и душата, вака пејачот Ламбе Алабаковски се заблагодари на социјалните мрежи за поддршката која му ја дадоа граѓаните. Против него се води постапка за палењето на контроверзниот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.Тој помина 8 дена во притвор, а сега е на слобода, но одземен му е пасошот.  

Read More

Барањето за вклучување на Бугарите во Уставот на РСМ мора да се направи пред почетокот на преговорите, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев. Според него, предлогот на француското претседателство е „чекор во вистинската насока, но остануваат голем број прашања кои треба да се разјаснат пред да се укине ветото.“ – Но, не помалку важни се јасните механизми и мерливите критериуми за искоренување на десетгодишната политика на дебугаризација, кражбата и фалсификувањето на бугарската историја, како и за обновување на уништените споменици и за зачувување на бугарското културно наследство, искоренување на говорот на омраза, рехабилитација на жртвите само затоа што се нарекувале Бугари,…

Read More

Вооружените сили на Украина загубија околу половина од својата воена опрема за време на борбите, изјави заменикот-министер за одбрана Володимир Карпенко. – Зборувам само за тешко вооружување. Денеска имаме околу 30-40 отсто, а понекогаш и до 50 отсто од загубата на опрема како резултат на активни битки. Значи изгубивме околу 50 отсто, беше цитиран Карпенко од украинското издание Лига, пренесуваат западни медиуми. – Имаме загуба од околу 1.300 пешадиски борбени возила, 400 тенкови и 700 артилериски системи, рече Карпенко, додавајќи дека испораките на оружје од западните земји покриваат до 15 отсто од потребите на Украина. – Ни треба артилерија, потребна…

Read More

Земјотрес со јачина од 3,1 степени по Рихтер ноќеска е регистриран во соседна Грција. Потресот бил почувствуван и во Македонија во градовите Битола, Ресен, Охрид, но со послаб интензитет. Имало земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала во Албанија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот бил на 20 километри од Тирана, а нема информации за штети. Земјотресот бил на длабочина од пет километри. И Сеизмолошкиот завод на Црна Гора регистрираше нов послаб земјотрес со епицентар на четири километри источно од Бар. „Јачината на земјотресот е три степени според Рихтеровата скала, што одговара на интензитетот на епицентарот од 4…

Read More

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за вечерва најави антивладин протест во Скопје. Се очекува на протестот повторно да биде упатена порака до власта за предвремени парламентарни избори. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повика на обединување против лошата власт. – Нема да молчиме бидејќи сега треба да бидеме гласни. И ние таа битка ќе ја водиме. И за таа цел вратите на народот се широко отворени. ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, но и главната сила која во периодот што следи ќе ги предводи промените, вели Мицкоски. Лидерот на опозициската партија повика на протест за промени пред Владата вечерва во 20 часот. Францускиот предлог, според…

Read More

Деновиве се потврди уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, асимилација и бугаризација на Македонците немаат никаква врска со реалноста, тоа е очајнички обид на Христијан Мицкоски за заплашување на граѓаните, велат од СДСМ. Според владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ користи опасни манипулации и тези со кои ги поткопува нашите „загарантирани позиции за зачувување на јазикот и индентитетот во преговорите со Бугарија“. „Нивната желба е по секоја цена да ги деградираат граѓаните со цел политички да профитираат, реагираат социјалдемократите во партиско соопштение. – Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ директно ја подржаа резолуцијата на ЕПП со која се бранат позициите на Бугарија и се директно на штета…

Read More

Од почетокот на руската инвазија на Украина, руската војска објави илјадници слободни работни места, од противтенковски бомбардери до возачи и снајперисти. Списоците, за кои првпат извести рускиот сервис на Би-Би-Си, почнаа да се објавуваат или ажурираат на секои неколку дена. На огласот за вработување објавен на само неколку стотици километри од Украина се вели: – Тестирајте ги вашите граници! Не, заборавете на вашите ограничувања, дали сте подготвени да се надминувате себеси секој ден?” Напорите за регрутирање беа особено видливи во Санкт Петербург. На почетокот на овој месец, модел на надувување на насмеан униформиран офицер им мавташе на минувачите и ги…

Read More

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за 2 денари за литар, а на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 111,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 113,5, додека пак ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 109,5 денари. Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така останува иста, односно ќе се продава за 105 денари за литар. Исто така, малопродажната цена на мазутот М-1 НС останува иста и таа изнесува 56,3 денари.

Read More

Министерот за правда Никола Тупанчески денеска беше во посета на затворот Куманово, на Основниот суд и на кумановското обвинителство. Оваа посета се случува откако претходно се спроведе акција во скопскиот затвор каде што беа запленети дрога, ножеви, пари и други недозволени предмети, како и по случајот со Хелсиншкиот комитет кој обелодени дека судијка од кумановскиот суд на рочиште во судница во која немало далечински управувач за уредот за климатизација, за да не биде загушливо во просторијата, решила да ги отстрани од судењето тужениот и претставникот на Комитетот. Овој настан предизвика големо внимание и реакции во јавноста затоа што судијката направила…

Read More

Одбраната најави жалба во случајот Талир 2 поврзан со изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, кој неодамна доби судска завршница со неправосилна пресуда за двајца обвинети и за конфискација на имот на опозициската партија. Како еден од најсилните аргументи, според одбраната пред Апелацискиот суд е фактот дека датумот на поднесување на обвинението од 22 ноември 2018 година е со потпис на поранешната обвинителка Катица Јанева која е на издржување на затворска казна од седум години со правосилна пресуда во предметот „Рекет“. Според одбраната Јанева по 30 јуни 2018 година, немала надлежност за постапување затоа што мандат на поранешното СЈО за…

Read More