Народе мој ви благодарам за вашата искрена поткрепа! Ве љубам од длабочината на срцето и душата, вака пејачот Ламбе Алабаковски се заблагодари на социјалните мрежи за поддршката која му ја дадоа граѓаните.

Против него се води постапка за палењето на контроверзниот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.Тој помина 8 дена во притвор, а сега е на слобода, но одземен му е пасошот.