Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Бугарскиот премиер Кирил Петков на самитот со лидерите од Западен Балкан рече дека се воделе многу тешки разговори и дека имало „страшно очекување“ дека Бугарија ќе го тргне ветото. -Второ нешто што се случи е дека дел од предлозите на француското претседателство се покажаа тешки за прифаќање од страна на Македонија, но тоа што мислам дека стана јасно е дека тоа не се веќе само барања на Софија туку треба да станат и барања на Европа, рече Петков. Според него, тешката задача сега ќе биде во Македонија која, според него, треба да ги прифати нивните барања за да продолжи евроинтеграцискиот…
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска од Брисел порача дека „францускиот предлог“ не е прифатлив и им се заблагодари на европските лидери за вложениот труд. Ковачевски смета дека хистеријата поврзана со надминување на спорот со Бугарија во Македонија ја создаваат луѓе кои мислат дека се експерти. „Во Македонија се создаде голема хистерија. Јас сум изненаден од тоа што луѓе кои мислат дека се експерти и знаат како се одвиваат процеси на европска интеграција всушност прават хистерија во земјата“, кажа Ковачевски.
На бината, каде што лидерите на земјите од Западен Балкан се фотографираат заедно со челниците на Унијата, Еди Рама, пристапувајќи им на специфичен начин, им се обрати на лидерите на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и на претседателот на Франција, Емануел Макрон. „Поздрав од Источна Македонија“, им се обрати албанскиот премиер Еди Рама на европските лидери во Брисел. Видеото го објави албанскиот медиум РТК и можете да го видите ТУКА. Тој повторно упати саркастична порака за однесувањето на Европската Унија кон македонско-бугарскиот проблем. Во написот од РТК се вели дека другите лидери на земјите…
Откако беше откажана прес-конференцијата на тројцата актеулни лидери на ЕУ, по самитот со Западен Балкан, францускиот претседател Емануел Макрон изјави за новинарите дека е „малку прерано“ да се предвиди договор меѓу Бугарија и Македонија. „Следните часови и следните денови ќе бидат важни за да видиме дали ќе најдеме договор меѓу Северна Македонија и Бугарија… сѐ уште е малку прерано“, рече Макрон пред неговиот состанок со либералните лидери од групата Обнови ја Европа. Францускиот претседател Емануел Макрон претходно ја отфрли идејата за влада на национално единство. Тој оцени дека тоа не е оправдано решение за излегување од криза по парламентарните избори…
Со достигнување од 60 отсто од европскиот просек, црногорските граѓани се први во регионот, но утре да се приклучат кон ЕУ, би биле најлоши. Најблиску до нив е Бугарија, со 63 отсто од просекот на ЕУ, пишува Инвеститор. Еуростат објасни дека стандардот ја мери фактичката индивидуална потрошувачка по глава на жител, што покажува колку добра и услуги потрошиле поединците, дали самите платиле за нив или трошоците ги сноси државата, односно невладините организации. Фактичката индивидуална потрошувачка (SIP) по глава на жител се изразува во стандардите за куповна моќ, вештачка валута која ги елиминира разликите во цените меѓу земјите. Гледајќи ги земјите…
Бојко Борисов денеска демонстрираше лидерство и пријателство кон Македонија, смета поранешниот македонски премиер и поранешен специјален претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски по повод одлуката на Борисов неговата партија во Бугарското собрание да даде зелено светло за почеток на преговорите на РС Македонија за членство во ЕУ. „Изјавата на Бојко Борисов е лидерски потег што ќе ја врати довербата во бугарско-македонското пријателство. Со вакви декларации ја враќаме довербата меѓу нас“, изјавил Бучковски во изјава за „БГНЕС“. Борисов денеска ги повика пратениците на ГЕРБ да го поддржат францускиот предлог за почеток на преговори на С. Македонија со ЕУ. Борисов го…
Американскиот претседател Џо Бајден го повика Конгресот на САД да ги замрзне федералните даноци за бензинот и дизелот за три месеци. Бајден ги повика и државите да ги замрзнат даноците за бензинот или да обезбедат слични поволности. Тој ја критикуваше енергетската индустрија што дава приоритет на профитот пред производството. Данокот на бензинот е 18,4 центи за галон (околу 3,78 литри), а на дизелот 24,4 центи за галон. „Знам дека ова нема да ја намали сериозноста на проблемот, но ќе биде од голема помош“, рече Бајден за неговиот предлог, имајќи ги предвид напорите на администрацијата да го спречи зголемувањето на цените…
Обвинителството во Париз соопшти дека покренало истрага за наводите за силување против француската секретарка за развој, франкофонија и меѓународни партнерства Хрисула Захаропулу. Таа е обвинета за две точки од обвинението за сексуален напад. Првиот беше поднесен на 25 мај, а вториот на 16 јуни. Станува збор за обвинувања за сексуален напад извршен од Захаропулу за време на нејзината пракса како гинеколог. Захаропулу е европратеничка од 2019 година. Минатиот месец таа беше назначена за државен секретар во владата на француската премиерка Елизабет Борн. Неколку други министри се обвинети за сексуален напад. Слична истрага против министерот за внатрешни работи Џералд Дарманен неодамна…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ја пренасочува трговијата и извозот на нафта во земјите од БРИКС, кои ги нарече „сигурни“ и во исто време ги критикуваше западните земји за санкциите воведени кон Москва. Земјите на БРИКС се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Во виртуелното обраќање на форумот БРИКС, Путин ги критикуваше санкциите без преседан со кои Западот ја казни руската економија за инвазијата на Украина. „Деловните луѓе од нашите земји мора да развиваат активности во тешки услови бидејќи нашите западни партнери не ги почитуваат основните принципи на пазарната економија, слободната трговија“, рече Путин во виртуелното…
Ако штрајкот не вроди со плод, ССМ ќе бара оставки. Претседателот Дарко Димовски вели дека ќе се направи проценка дали ќе се бара оставка од министер, од Владата, од локалната управа. Додава дека некои работодавци веќе ги зголемуваат платите како, на пример, во Град Скопје, во Куманово, во Битола и се надева дека и другите функционери кои се вршители на јавни функции или директори ќе се охрабрат и ќе го направат тоа. Со поставување на 120 столчиња пред Собранието на РСМ од страна на вработените во ССМ упатија порака пратениците да го изгласаат поднесениот амандман за покачување на платите во…
На 21.06.2022 во 20.50 часот во Полициската станица Аеродром, С.Д.(21) од Крива Паланка пријавила дека во периодот од 00.00 до 00.20 часот на бензинска пумпа на подрачје на Аеродром била физички нападната од Ф.Ш., со кого се познавала, информира МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На митингот за поддршка на владата пред Собранието на Бугарија вечерва се приклучија и премиерот Кирил Петков, министри и пратеници од „Продолжуваме со промените“, „Демократска Бугарија“ и „БСП за Бугарија“. Тие беа пречекани со аплауз од граѓаните кои го исполнија плоштадот откако парламентот го поддржа изгласувањето недоверба на владата со 123 гласа „за“, 116 „против“ и без воздржани. „Заедно одиме напред“, им порача Кирил Петков на демонстрантите. „Со вас сме“, одговорија насобраните граѓани. Овој глас е мал чекор кон долгиот пат до победа на државата, вие сте гаранција дека оваа држава ќе изгледа поинаку по следните избори, рече Петков. „Сите…