Откако беше откажана прес-конференцијата на тројцата актеулни лидери на ЕУ, по самитот со Западен Балкан, францускиот претседател Емануел Макрон изјави за новинарите дека е „малку прерано“ да се предвиди договор меѓу Бугарија и Македонија.

„Следните часови и следните денови ќе бидат важни за да видиме дали ќе најдеме договор меѓу Северна Македонија и Бугарија… сѐ уште е малку прерано“, рече Макрон пред неговиот состанок со либералните лидери од групата Обнови ја Европа.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно ја отфрли идејата за влада на национално единство. Тој оцени дека тоа не е оправдано решение за излегување од криза по парламентарните избори одржани во неделата. Истовремено, тој повика на компромис со политичките сили во земјата за да се дојде до „јасно мнозинство“.