Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Рајмундо Гардуно Круз и Хуан Франциско Гонзалес Агилар, двајца актери од серијата на „Нетфликс“, „The Chosen One“, загинаа во сообраќајна несреќа во Мексико. Покрај двајцата загинати, уште шест лица се повредени откако нивните комбиња се превртеле во близина на полуостровот на пустински пат кај Мулеге на полуостровот Долна Калифорнија додека патувале за Санта Росалија, каде се снима серијата.. Министерството за култура на Долна Калифорнија ја потврди смртта на Рејмонд Гардун Круз и Хуан Франциско Гонзалес Агилар, пишува „Independent“. Сè уште не е познат идентитетот на повредениот. „The Chosen One“ е приказна за 12-годишно момче кое дознава дека е предодреден за…
Голем шумски пожар забрзано се шири во близина на Берлин, во близина на градот Тројенбрицен, поради што е евакуирано населението од неколку населени места. Силниот ветер доведе до ширење и промена на правецот на пламените јазици кон понаселени места. Градската администрација на Тројенбрицен објави дека жителите на три области биле принудени да ги напуштат своите домови. Локалните власти во областа јужно од Берлин соопштија дека пожарот се шири со голема брзина поради ветерот. Во моментов околу 100 до 110 хектари се под оган. Пожарот се прошири во правец на исток и југоисток“, соопшти противпожарната служба Тројенбрицен. Пожарот избувна во петокот…
Со пораки против хомофобијата, трансфобијата, расизмот, дискриминацијата и нееднаквоста, со пораките „Љубовта е слепа, а не хомофобична“; „Водете љубов, а не војна“; „Човеку, љуби“, илјадници граѓани маршираа на традиционалната парада на гордоста во Атина под слоганот „Безусловно“, за која учесниците и организаторите велат дека беше една од помасовните во изминатите години, јави дописничката на МИА од Атина. Плоштадот Синтагма и улиците во грчката метропола беа исполнети со боите на виножитото, со музика, насмевки, но и оптимизам дека дискриминацијата ќе биде минато, а припадниците на ЛГБТ+ заедницата ќе имаат еднакви права, нешто што и самите го истакнуваат. Во разговор со дописничката…
Рускиот државен Гаспром драстично ја намалува испораката на гас за Словачка, пишува полското издание на Еурактив. Не е јасно кои се причините. Така, Словачка веќе е дел од растечката листа на земји од ЕУ на кои Москва им го суспендира гасот. Во исто време, Словачка се согласи да отвори сметка во рубли – за разлика од земјите како Бугарија, Полска и Финска, кои инсистираа Гаспром да ги почитува условите од договорите и да не наметнува еднострано нови услови. Гаспром ја извести државната компанија СПП, главниот увозник и дистрибутер на гас во Словачка, дека ќе го намали снабдувањето на половина, откако…
Приведен е 24-годишен скопјанец поради напад врз обезбедувањето на Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. „На 18.06.2022 во 14.35 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(24) од Скопје затоа што физички го нападнал М.С.(39) од Скопје – вработен како обезбедување во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’“, информираа од МВР. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МНР на Бугарија објави позиција во однос на предлогот на француското претседателство со Советот на ЕУ, соопштија за БГНЕС од МНР на Бугарија. Во позицијата се вели дека на оваа етапа и со овие рокови е невозможно да се дојде до решение на отворените прашања. Според МНР францускиот предлог е добра основа за идно решавање на спорот. „На оваа етапа не постои објективна можност за спроведување на поставените во рамковната позиција краткорочни критериуми до крајот на француското претседателство со Советот на ЕУ. Постои можност до крајот на претседателството да има повеќе јасни детали во однос на следните чекори во процесот…
Работниците на супермаркетите во Чешка во кутија со банани пронајдоа дури 840 килограми кокаин вреден речиси 80 милиони евра. Се верува дека испораката до продавниците во градовите Јичин и Рихнов над Кнежно на северот на земјата била испратена по грешка, пишува Гардијан. Рекордно количество кокаин, за кое се проценува дека вреди повеќе од споменатите 80 милиони на улица, пристигнало во продавниците на 10 јуни, спакувано во пакети, пренесува Јутарњи лист. Шефот на единицата за борба против наркотици, Јакуб Фридрих, за чешкото јавно радио изјави дека се претпоставува дека кокаинот доаѓа од Централна Америка, а полицијата работела со колегите од други…
Русија тврди дека нивната воена офанзива насочена кон украинскиот град Северодоњецк во источна Украина „успешно се развива“. Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека руските сили ја окупирале населбата Метолкине во источните предградија на Северодоњецк. – Офанзивата во правец на Северодоњецк се развива успешно, рече Конашенков. Тој додаде дека руските сили го погодиле командниот центар на украинската армија во регионот Днепро со крстосувачки ракети со долг дострел, при што загинале повеќе украински генерали и офицери. – Како резултат на нападот, беа уништени повеќе од 50 генерали и офицери на вооружените сили на Украина, вклучително и Генералштабот, командата…
Пристапувањето на Украина во Европската унија е можно дури во средината на векот, а дотогаш самата асоцијација би можела да исчезне, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев. Тој на својат канал на Телеграм напиша дека ситуацијата со пристапувањето на Украина во ЕУ е слична на градењето на комунизмот во СССР, датумот на спроведување на овие планови не е именуван, но има многу непроверливи апстрактни услови. – Нивната објективна проверка е невозможна, продолжи Медведев, тие ќе бидат верификувани со децении и тоа ќе го прават новите генерации лидери на ЕУ, затоа „вистинскиот термин е средината на…
Политичкиот дијалог со опозицијата треба да биде во рамки на демократските избрани институции околу прашањата од национален интерес, кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски во врска со барањата на опозицијата за предвфремени парламентарни избори. -Легитимно право е на опозицијата да ги користи сите демократски средства за политичка борба со власта .Меѓутоа уцените за предвремение избори и блокадата на законодавната власт ги оценуваме како „неразумни“ во најлош тајминг и портив интересите на оваа држава, кажа Ковачевски. На новинарско прашање за тоа како ќе функционира оваа држава во случај на голема политичка криза и зошто не се нуди решение, премиерот Димитар Ковачевски кога…
Санирана е дупката на мостот во Драчево која беше небезбедна за возачите. -Во текот на изминатиот ден екипите на ЈП Улици и патишта интензивно работеа на санирање на оштетувањето што од неодамна се појави на мостот на Маркова Река во Драчево. Градежните работи и асфалтирањето беа извршени во најкус можен рок и мостот денес од 13часот е биде пуштен во употреба, велат од Јавното претпријатие Улици и патишта.
Започна средбата на претседателот на Владата Димитар Ковачевски со владината коалиција. На средбата се присутни лидерите од сите коалициони партнери на Владата. Целта на денешната средба е да се потенцираат силните активности на Владата во насока на водењето на економските политики во земјава во услови на светска криза. Коалиционите партнери предвидено е да разговараат за мерките и поддршката за зголемување на стандардот на граѓаните во овој период на најголема економска криза како и политиките поврзани со евроинтеграциите. На средбата уште еднаш ќе биде реафирмиран ставот за стратешките приоритети на државата, ќе се разговара за евроинтеграциските процеси и разговорите со Бугарија.…