МНР на Бугарија објави позиција во однос на предлогот на француското претседателство со Советот на ЕУ, соопштија за БГНЕС од МНР на Бугарија. Во позицијата се вели дека на оваа етапа и со овие рокови е невозможно да се дојде до решение на отворените прашања.

Според МНР францускиот предлог е добра основа за идно решавање на спорот.

„На оваа етапа не постои објективна можност за спроведување на поставените во рамковната позиција краткорочни критериуми до крајот на француското претседателство со Советот на ЕУ. Постои можност до крајот на претседателството да има повеќе јасни детали во однос на следните чекори во процесот на европската интеграција на РС Македонија со сите неопходни гаранции за бугарските интереси и за правата на Бугарите во земјата. Во изминатите 6 месеци независно од сите противречности МНР продолжи систематски да работи за наоѓање на решенија по прашањето за РС Македонија и за гарантирање на бугарските национални интереси“, стои во соопштението на бугарското МНР.