Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Шумски пожар вчера беснееше надвор од контрола во централниот дел на Евија, вториот по големина грчки остров, па властите наредија евакуација на едно село, соопшти пожарникарската служба. Засилен од силните ветрови, пожарот се проширил на падините на планинската шума Гаја, а властите наредиле евакуација на селото Кремастос како мерка на претпазливост бидејќи пожарот се приближил на 800 метри од некои куќи. Околу 70 пожарникари се бореле со огнот со помош на девет противпожарни авиони и четири хеликоптери пред да падне ноќта. Евија претрпе разорни шумски пожари минатото лето кои уништија околу една третина од шумската покривка. https://www.youtube.com/watch?v=dmNRVqEYMgc
Две мензи се затворени во фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола заради сомнителни случаи за труење со храна кај вкупно 41 вработен. Земени се мостри од храна, брисеви од работни површини, брисеви од перосналот и испратени на анализи, вели директорката на Државниот санитаран и здравствен инпекторат за Тера Телевизија. Директорката за Државниот санитарен и здравствен инспекторат д-р Иринка Сотирова- Бухова рече дека е затворена првата менза заради дојава од Центарот за јавно здравје во Битола, за вработени кои побарале здравствена помош заради симптоми сомнителни за труење со храна. До сега биле пријавени 30 вработени лица кои се хранеле во таа…
Младо момче од Македонија се удави вчера околу 18 часот на плажата Утјеха кај Бар, јавува порталот Приморски.ме. Според информациите на овој портал, 22-годишен млад човек денеска пристигнал во заливот меѓу Бар и Улцињ, каде требало да работи сезонски. На телото немало траги на насилство и треба да се утврди причината за смртта, а обвинителот ќе нареди обдукција, пренесе порталот.
Коалициските партнери од власта денеска во 13 часот во Владата ќе одржат средба, на која, како што најави премиерот Димитар Ковачевски, се очекува меѓу другото да се реафирмира ставот за одржување редовни парламентарни избори во 2024 година заедно со претседателските. По завршување на средбата, како што информира владината прес-служба, премиерот Ковачевски ќе одржи прес-конференција на која што ќе присуствуваат и лидерите од владината коалиција. Ковачевски најави дека целта е да се направи рекапитуалција на се тоа што е направено изминатите месеци од формирањето на новата Влада. – Меѓудругото, ќе информираме за мерките кои ќе бидат преземени, а се вцртани во…
Станот во којшто некогаш живееле Џони Деп и Амбер Хард се продава за 1,76 милиони долари, па сега се знае и како изгледа неговата внатрешност. Поранешната двојка живеела тука 15 месеци, а домот се наоѓа во центарот на Лос Анџелес во зградата наречена „Источна Колумбија“. Имотот од 1930 година се простира на површина од 1.780 метри квадратни. Покрај тоа што е украсен со високи тавани, се состои од една спална соба, две бањи и кујна со дневна соба, пренесува „Форбс“. Во просториите претежно доминираат суптилни кафено-неутрални тонови, со индустриски елементи од кои најизразени се скалите. Сепак, големите прозорци, како и…
Европската комисија одлучи да препорача да им се даде статус кандидати за членство на Украина и Молдавија, две поранешни советски републики. Кандидатурата на Грузија, засега, е одбиена. Претседателката Урсула фон дер Лејен изјави дека Комисијата предлага „на Украина да ѝ се даде кандидатски статус. Ова, секако, на разбирање дека земјата ќе спроведе бројни дополнителни реформи“. – Од гледна точка на Комисијата, Украина јасно ги покажа аспирацијата и решеноста да ги исполни европските стандарди – додаде Фон дер Лејен. Според ДПА, ЕК предлага статус кандидат за во ЕУ и за Молдавија. Украина аплицираше за членство откако Русија ја започна инвазијата врз…
На вонредна седница во вторник, парламентот ќе расправа за гласање недоверба на владата на Кирил Петков, јави известувачот на БГНЕС. Вонредната седница ќе започне во 11 часот на 21 јуни. На дневен ред е предлог-одлуката за изгласување недоверба на Министерскиот совет кај премиерот Кирил Петков. Подносители на предлог одлуката се Десислава Атанасова и група пратеници. Според правилникот, гласањето за предлог-одлуката не е порано од 24 часа по завршувањето на расправите.
Заменик-претседателот на Народното собрание и заменик-шеф на Бугарската Социјалистичка партија Кристијан Вигенин денеска изјави дека смената на претседателот на Народното собрание Никола Минчев е политичка и не е поврзана со неговата работа, а новото мнозинство неуспешно се обидува по брза постапка да именува нов претседавач и да го преземе парламентот. „Ова е заговор меѓу сосема различни политички формации“, рече Вигенин. Според него, тоа што владејачката коалиција е против Борисов не треба да биде аргумент против неа, бидејќи „Борисов е симбол на системот на владеење кој е штетен за Бугарија и таа сега се обидува да се одмазди“. Тој потсети дека…
На 18 јуни (сабота) со почеток во 20:30 во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се случи првата поетска епизода насловена како „Новите деца во градот“. Настанот ќе го модерираат младите поети Ивана Јовановска и Андреј Медиќ Лазаревски, а покрај нив своја поезија ќе прочитаат Павлина Атанасова, Марија Велинова, Благица Трајкоска, Ива Петреска, Софија Тодороска, Андреј Ал-Асади и Сатја Александар Давитков. „Поетска епизода“ е нов концепт на поетски средби на млади, во обид да се збогатиме културната содржина на градот и да се чита убава поезија. Секој настан ќе има флуиден карактер и поинаква тема. Идејата на настанот е младите поети активно да…
Кабинетот на Бугарија мора да ги отфрли сите сомнежи дека може да отстапи од ветото за Македонија, рече Румен Радев, потсетувајќи дека следната недела премиерот Кирил Петков заминува во Брисел. „И Народното собрание и Бугарите мора однапред и јасно да знаат за каква позиција ќе се залага премиерот. Секоја измама или обид за нејзина замена ќе има тешки последици“, заклучи Радев. Радев вели дека со горчина го следи распадот на ова Народно собрание. „Партиите мора да бидат свесни дека со овие калливи борби го дискредитираат целиот политички систем. Собранието не е пазар – едни купуваат пратеници, други се поканети да…
Во Франција веќе не се испорачува природен гас од Русија. Франција веќе не прима природен гас од Русија преку гасовод од 15 јуни, соопшти денеска мрежниот оператор ГРТгаз, откако рускиот енергетски гигант Газпром оваа недела предупреди дека остро ќе ја намали испораката во Европа. „Газпром” соопшти дека намалувањето на снабдувањето преку гасоводот „Северен поток” е резултат на поправка. Сепак, претставниците на ЕУ веруваат дека Москва ги казнува сојузниците на Украина, каде што руските сили започнаа инвазија во февруари, јавија француски медиуми.
Ако случајно ве нанесе патот во питорескното гратче Херинген во Германија, и ако имате потреба од градската управа, немојте да се изненадите ако под фотографијата на градоначалникот која стои во холот, видите македонско име и презиме. Под сликата на црномурестиот градоначалник ќе пишува Даниел Илиев. И не, не е грешка. Радовишанецот Даниел (по мајка и татко) веќе втор мандат е градоначалник на Херинген. И беше избран со фантастични 85,4 отсто од гласовите на политички пребирливите Германци. Се разбира, Илиев е со германско државјанство затоа што е роден Германец. Има 38 години и е член на Социјалдемократската партија на Германија, но…