Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вигенин: Каков и да е францускиот предлог ветото нема да го укинеме

0
By НОВА ТВ Terziova on June 17, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 17, 2022 12:26

Заменик-претседателот на Народното собрание и заменик-шеф на Бугарската Социјалистичка партија Кристијан Вигенин денеска изјави дека смената на претседателот на Народното собрание Никола Минчев е политичка и не е поврзана со неговата работа, а новото мнозинство неуспешно се обидува по брза постапка да именува нов претседавач и да го преземе парламентот.

„Ова е заговор меѓу сосема различни политички формации“, рече Вигенин.

Според него, тоа што владејачката коалиција е против Борисов не треба да биде аргумент против неа, бидејќи „Борисов е симбол на системот на владеење кој е штетен за Бугарија и таа сега се обидува да се одмазди“.

Тој потсети дека БСП со години се бори против овој систем.

„Во возот влегоа други формации. Првата беше „Има таков народ“, која како што се испостави, очигледно била со други намери. Според мене, целта на раководството на „Има таков народ“ по  рушењето на два парламенти сега е на пат да го сруши и третио со намера да биде уништена енергијата за промени и да се даде шанса на статус кво ситуацијата. И мислам дека ниту избирачите ниту колегите од Има таков народ не се согласни да учествуваат во тој спектакл“, рече Винегин.

„Работиме заедно затоа што рековме дека ќе изградиме нов тип на држава. Овој модел кој го создаде ГЕРБ ќе се смени и ќе имаме вистинска европска демократија со јасни правила и јасна конкуренција во економијата – крај на одливот на средства од јавни набавки и хранење олигархиски кругови со пари на граѓаните“, категоричен беше Кристијан Вигенин.

Тој призна дека овој процес е тежок, но веќе е започнат, а сега претходниот систем се обидува да ги запре овие напори.

„Овде се поставува прашањето како ќе реагираат граѓаните – дали ќе ја вратат државата или ќе ја вратат во рацете на овие кругови“, рече социјалистот.

Според него, во наредните денови ќе пукне и балон темата Северна Македонија, која беше употребена на најбрутален начин од „Има таков народ“ за да ги оправда својата превртливост во последните недели.

„Дефинитивно нема да има укинување на ветото. Кој предлог и да дојде од француското претседателство допрва ќе се разговара, но тоа не може да се случи следната недела. Имаме доволно време да видиме дали е тоа добро за Бугарија, кои се следните чекори и да се изгради стратегија. Нема итност по ова прашање“, изјави Кристијан Вигенин.

Бугарија вето преговори регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.