Author: НОВА ТВ Terziova

Четириесетина граѓани на Карпош со двочасовна блокада на булеварот „Теодосиј Гологанов“ побараа да се донесе Деталниот урбанистички план (ДУП). Велат дека повеќе од пет години живеат под кирија бидејќи куќите им се срушени од инвеститор кој на нивните имоти требало да гради згради. Целиот процес застанал откако поранешните градоначалници Богоев и Шилегов го укинале ДУП-от од 2016 година и оттогаш не е донесен нов. Горан Ѓоргиевски, станар на Тафталиџе1 за НоваТВ вели дека куќата му била  срушена пред година и шест месеци и покрај тоа што се уште немало одобрение за градба на зграда. Му било ветено дека наскоро ќе…

Read More

Северна Кореја пријавила појава на неидентификувана цревна болест, која ја забавува борбата против КОВИД во таа земја. Ким Јонг-ун нареди да се спроведат строги карантински мерки, пренесува БЦЦ во соопштението на севернокорејската државна агенција КЦНА. Се вели дека тој испратил лек во градот Хеј во средата за да им помогне на пациентите кои страдаат од акутната ентерична епидемија. Здравствените експерти шпекулираат дека може да се работи за колера или тифус. Северна Кореја официјално не го пријави бројот на заболени од епидемијата на болеста, ниту пак кажа за каква болест се работи. Единствено познато е дека болеста е поврзана со гастроинтестиналниот…

Read More

Екипите на ЈП Паркови и зеленило деновиве интензивно работат на одржување и уредување на јавните зелени површини низ градот, односно се врши косење на зеленилото низ сите скопски општини и на кејот на реката Вардар. Изминатиов период од двете страни на кејот на реката Вардар е искосено зеленилото од мостот Близнак кон Ново Лисиче во општина Аеродром, а во тек е и косењето на зеленилото кај делот под Кале. Екипите деновиве, вршат и повторно косење во делот на кејот кај Градскиот парк, информираат од претпријатието. Во текот на оваа недела, од двете страни на кејот се коси зеленилото од горниот…

Read More

Поради најавен настан во организација на политичка партија, кој треба да се одржи во сабота (18.06) во Скопје, денеска од 17.00 часот до завршување на настанот, ќе биде затворен сообраќајот од крстосницата на бул.„Гоце Делчев“ со бул.„Илинден“ до крстосница на бул.„Илинден“ со бул.„Св.Климент Охридски“, а на околните сообраќајници ќе се преземаат мерки за посебен режим на сообраќај. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници. https://novatv.mk/mitskoski-vo-samo-intervju-partijata-ke-organizira-avtobusi-do-skopje-ochekuvame-desetitsi-iljadi-gragani-vo-sabota/

Read More

Српски државјанин (31) е уапсен во Милхајм, Германија, поради сомнение дека на сред улица ја избодел сопругата (34), која еден ден подоцна починала во болница. Според Билд, злосторството се случило во вторникот во 19.30 часот, а несреќната жена починала по неколкучасовна борба на лекарите за нејзиниот живот. – Во вторникот вечерта граѓаните повикале полиција и пријавиле дека жената лежи избодена на улица. Кога пристигнале патролите и лекарите, затекнале млада жена како лежи пред станбена зграда, додека околу неа биле расфрлани торби и чевли – наведува Билд. Истрагата утврдила дека Србинот ја чекал сопругата со која се развел во близина на…

Read More

Пратениците од бугарската партија Преродба кои ја напуштаа зградата на Народното собрание, и која се смета за проруската партија во Бугарија , на влезот ги пречека група демонстранти кои се обидоа да се судрат со нив. Полицијата мораше да ги изнесе од зградата на бугарскиот парламент по завршувањето на работниот ден, јави дописникот на МИА од Софија. Обезбедени од тесен кордон, пратениците од Преродба беа упатени кон централната улица, а демонстрантите трчаа по нив. Засилено е и полициското присуство во реонот на патријаршиската катедрала Свети Александар Невски и Универзитетот во Софија. Претседателот на пратеничката група на „Има таков народ” Тошко…

Read More

Францускиот предлог за кревање на бугарското вето за почеток на пристапните разговори на Македонија со Европската унија, според најавите на бугарските медиуми, денеска би требало да се најде на пред Комисијата за надворешна политика на собранието на Бугарија. Копретседавачот на партијата „Демократска Бугарија“, Христо Иванов вчера оцени дека францускиот предлог за европски гаранции за исполнување на бугарските услови од Северна Македонија е успех за Бугарија. Според Иванов, Бугарија е на пат да ја пропушти можноста за добра зделка што ја направи француското претседателство. Најважниот параметар на овој договор, како што вели, е дека ќе има обврска од Европската комисија да…

Read More

Министерот за правда Никола Тупанчески денеска оствари средба со сите директори на затворите. Средбата се одржа во Министерството за правда а на неа присуствуваше и директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски. На состанокот, Тупанчески поединечно бил информиран од секој директор за актуелната состојба во казнено поправните установи. Констатирано е дека најголеми проблеми во затворите се преоптовареност, немање соодветна здравствена заштита за осудените лица, недостаток на соодветен кадар. Договорено било „веднаш да се отпочне со решавање на наталожените проблеми кои со години се провлекуваат“. Ќе се интервенира и во Законот за извршување на санкции со цел да се…

Read More

Надворешна комисија не е Народното собрание, тоа е помошно тело на парламентот и одлуките ги носи парламентот, а не неговата комисија за надворешни работи, ја коментира поранешната шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева намерата на премиерот Кирил Петков предлогот на француското претседателство за кревање на ветото за Македонија да го препушти на одлучување во Комисијата. – Кирил Петков влезе во играта на РС Македонија, давајќи и ветувајќи дека ќе направи компромиси кои нема да ги одразуваат интересите на Бугарија. И Бугарија и граѓаните на РС Македонија ќе загубат од избрзаното укинување на ветото. Во нивен интерес е да се реформира …

Read More

Поранешниот руски претседател Дмитри Медведев, сегашен заменик претседател на Советот за безбедност на Русија, твитна дека посетата на Емануел Макрон, Олаф Шолц и Марио Драги на Киев нема да ја однесе Украина поблизу до мир. Тој притоа ја нарече лидерската тројка „европски љубители на жаби, колбаси од црн дроб и на шпагети“. „Европските љубители на жаби, колбаси од црн дроб и шпагети, обожаваат да доаѓаат во Киев. Со нула корист од нив. И ветија на Украина членство во ЕУ и стари хаубици и си заминаа дома со воз, како пред 100 години. Тоа е во ред. Но нема да ја…

Read More

Пратениците во бугарскиот парламент го разрешија Никола Минчев од функцијата претседател на Народното собрание. „За“ гласаа 125 пратеници, „против“ беа 113, а „воздржан“ 1 пратеник. Минчев пред гласањето рече дека Бугарија ќе продолжи да биде на првото место. – Влегов во храмот на бугарската државност и уште поголема чест ми е што ме направивте прв меѓу еднаквите. Нема да застанам и покрај тоа што се бара моја оставка. Вистинската причина за барањето моја оставка е иста како и причината заради која следната недела ќе се гласа за недоверба на владата. Во пленарната сала има ново мнозинство – рече Минчев од…

Read More

Утрово по девет часот избувнал пожар во автобус што превезувал педесетина ученици на екскурзија во Хрватска. Според Сплитско-Далматинската полициска управа, од првите информации во настанот нема повредени. Автобусот возел на релација Имотски – Загвозд, јавија хрватските медиуми. „Во тек е гаснење на пожарот“, велат тие. Патот Д76 по кој пламнал автобусот бил затворен до изгаснувањето на пожарот, но сега е отворен за секаков сообраќај.

Read More