Утрово по девет часот избувнал пожар во автобус што превезувал педесетина ученици на екскурзија во Хрватска. Според Сплитско-Далматинската полициска управа, од првите информации во настанот нема повредени.

Автобусот возел на релација Имотски – Загвозд, јавија хрватските медиуми.

„Во тек е гаснење на пожарот“, велат тие.

Патот Д76 по кој пламнал автобусот бил затворен до изгаснувањето на пожарот, но сега е отворен за секаков сообраќај.