Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Во тек се подготовките за 29-то издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест “, што ќе се одржи на 2 и 3 септември на сцената на Долни Сарај во Охрид. Како што најавија организаторите, во Фолк вечер ќе настапи домашната фолк елита, но и српскиот пејач Мирослав Илиќ. Од Србија доаѓаат Кики Лесендриќ и Срѓан Марјановиќ, од Хрватска Владо Калембер, Златко Пејаковиќ, Теди Грубица и Јурица Паѓен. Од Босна ќе гостува Ален Исламовиќ, словенските музичари се Божидар Волф, Инес Ербус& Давид Амаро, а од Бугарија дуото „Expose“. Од Албанија ќе настапи Рина Рамадани и гостинот од Грција е Толис Дамјанос.…
На 15.06.2022 во 09.45 часот на регионалниот пат Берово-Виница, кај место викано „Обозна“, полициски службеници од СВР Штип – Одделение за криминалистичка полиција – Отсек за економски криминал го лишиле од слобода Ѓ.Д.(44) од Берово, вработен како како референт за сеча, дотур и превоз во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Шумско стопанство „Малешево“- Берово, поради сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик односно поради незаконско издавање на испратници за превоз на дрва. По преземени мерки и при претрес кај него и во неговото возило „исузу“ со беровски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и…
Во борбите во Донбас секој ден гинат или се повредени до илјада украински војници, а во просек гинат од 200 до 500 војници, изјави шефот на украинската делегација за преговори со Руската Федерација Давид Арахамија, цитиран од УНИАН. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски претходно изјави дека секој ден гинат 60 до 100 украински, а подоцна рече дека таа бројка се движи од 100 до 200. Според Арахамија, тој број значително се зголемил во последните две недели. Украинскиот дипломат додаде дека во украинската армија служат околу милион луѓе, а постои можност да се регрутираат уште два милиони. Арахамија вели дека вооружените…
Пред угостителски објект на ул.„Новачки Пат“, вчера околу 22.00 часот, полициски службеници од СВР Битола – Одделение за криминалистичка полиција – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишиле од слобода Н.П.(42) и К.Т.(33), двајцата од Битола. Осомничените како што информираат од МВР биле затекнати додека Н.П. му продава кокаин и марихуана на К.Т. и притоа кај нив биле пронајдени кокаин, марихуана, пари и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. И две лица од Куманово вчера биле…
Сојузот на синдикати на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје соопшти дека на 30 јуни од 19 часот ќе организира мирен протест пред Владата за да го изрази своето незадоволство од, како што наведува во соопштението, „драматично влошената материјална состојбата на вработените на Универзитетот“. -Платите на вработените на УКИМ се исклулчително ниски и се неколкупати помали од платите на универзитетите во регионот. Никогаш во својата историја вработените на УКИМ не биле во потешка материјална состојба од денес, соопшти Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ. На 2 јуни Сојузот одржа предупредувачки протест пред Ректоратот на УКИМ, на кој беше…
Пратеникот Скендер Реџепи кој ја напушти пратеничката група на партијата Алтернатива и најави дека отсега ќе настапува како независен пратеник во Собранието за НоваТв вели дека одлуката не била нималку лесна, но била неминовна. „Не сум имал потреба со никого да се консултирам за мојата одлука оти истата е донесена самостојно и после сите истрошени чекори за враќањето на вистинските демократски вредности во партијата“, вели тој. Реџепи вели дека не се работи за никакво ривалство оти немал аспирации за никаква раководна позиција. „Јас чекав тесното раководство на партијата да донесе одлука со која ќе се подобри досегашното едноумие во партијата,…
Кирил Петков вети и „брутален дипломатски напад врз сите бугарски политичари од странски дипломати во Софија“. Според него, најактивни ќе бидат француските, германските и американските дипломати, пишува БГНЕС. „Вознемирувачки е и молкот на претседателот Румен Радев, кој пред еден месец му се заблагодари на претседателот Макрон за неговите напори“, вели Петков. Петков до Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за укинување на ветото на РС Македонија за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Петков се пофалил дека „детално е запознаен со шемата како ќе се случи сето ова“: „Во четврток (денес, 16 јуни) официјално ќе биде испратен…
Директорот на Американскиот институт за алергии и заразни болести и главниот медицински советник на американскиот претседател, Ентони Фаучи, во среда бил позитивен на тестот за Ковид-19, соопшти Институтот. Како што се наведува, Фаучи примил две дози вакцина и две бустер дози, а моментално има благи симптоми на болеста, но е во изолација и ќе продолжи да работи од дома, јавува Си-Ен-Ен. Се додава дека Фаучи претходните денови не бил во контакт со претседателот Џо Бајден, ниту со некој висок државен функционер.
Годинашниот Преспа форум за дијалог, што ќе се одржи денеска и утре во Охрид, ќе го отвори претседателот Стево Пендаровски, а на првата сесија на високо ниво според најавите ќе говорат и претседателите на Словенија Борут Пахор, на Хрватска Зоран Милановиќ, на Косово Вјоса Османи – Кадриу и претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ. Гостин на Форумот е и претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел кој вчера во Охрид имаше средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски. Во пресрет на јунскиот Самит на ЕУ на кој му претходи лидерскиот состанок на Европската Унија – Западен Балкан, претседателите разговараа за европското досие…
Настапот на Воениот оркестар и интонирањето на германската химна предизвикаа посебно внимание во германските медиуми кои го придружуваа канцеларот Олаф Шолц при кусата посета на Македонија минатиот викенд. Според весникот Шпигел, најсветлата точка на балканската турнеја на канцеларот Шолц била токму изведбата на националната химна на Германија од страна на македонскиот воен оркестар. Текстот на германски „Шпигел“, насловен како „Германец со надеж во багажот“, започна со констатација на новинарката Мелани Аман, еден од репортерите во бројната новинарска екипа што го придружуваше канцеларот на балканската турнеја, дека најсветлата точка на целото патување била – извонредната изведба на националната химна на Германија…
Албанската полиција синоќа, во пристанишниот град Драч запленила 45,5 килограми кокаин, чија крајна дестинација била Македонија. -Дрогата, пакувана во 40 пакетчиња, беше откриена, при детална контрола во контејнер натоварен во Бразил, со пилешко месо, на сметка на трговски субјект од Северна Македонија, стои во полициското соопштение. Според фотографиите од полицијата пакетчињата со кокаинот се завиткани со фотографии од анимираниот филм „Драгон бол”. Надлежните почнаа со истражни дејствија со цел документирање на случајот, идентификација и откривање на лицата вмешани во ова кривично дело. Кон крајот на минатиот месец, исто така во Драч полицијата заплени 59 килограми кокаин во бродот “Unistream” од…
Поранешниот министер за здравство Венко Филипче денеска поминал повеќе часа во операциона сала на Клиниката за неврохирургија каде работел со млади колеги, за што тој информираше на социјалната мрежа фејсбук. Денеска со младите колеги, лекари, поминавме повеќе часови во операциона сала на Клиниката за неврохирургија. Пренесувањето на знаењето и вклучувањето на младите лекари во целокупниот процес на лекување на пациенти е клучно за нивната едукација. Откривањето на тајните на неврохирургијата е главен, мотивирачки фактор и го зголемува ентузијазмот за работа, напиша екс министерот во својата објава.