Директорот на Американскиот институт за алергии и заразни болести и главниот медицински советник на американскиот претседател, Ентони Фаучи, во среда бил позитивен на тестот за Ковид-19, соопшти Институтот.

Како што се наведува, Фаучи примил две дози вакцина и две бустер дози, а моментално има благи симптоми на болеста, но е во изолација и ќе продолжи да работи од дома, јавува Си-Ен-Ен.

Се додава дека Фаучи претходните денови не бил во контакт со претседателот Џо Бајден, ниту со некој висок државен функционер.