Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Ненси Кремптон – Брофи, авторка на есејот „Како да го убиеш сопругот“, е осудена на доживотен затвор поради убиство на нејзиниот сопатник, јави Си-Ен-Ен. Таа е обвинета за убиство на нејзиниот сопруг, готвачот Даниел Брофи, кој беше убиен во училиштето каде што држеше часови за готвење во јуни 2018 година. Според судски документи, обвинители изјавија дека во 63-годишниот Брофи било пукано двапати, еднаш во грб, додека стоел покрај мијалник и полнел кофи со вода и мраз, а потоа и во градите од непосредна близина. Парот бил во долгови, а продажбата на романите на 71-годишната Кремптон – Брофи не одела најдобро.…
Во собраниската Комисија за финансирање и Буџет денеска треба да продолжи расправата за ребаланс на Буџетот за 2022 година. Според министерот за финансии Фатмир Бесими, со предлог-ребалансот на Буџетот треба да се одржи макроекономската стабилност, да се поддржи економијата за враќање во претпандемиското ниво, но и да се одржи социјалната сигурност на граѓаните. Тој во своето експозе вчера на собраниската Комисија за финансирање и буџет посочи дека цели кои треба да се постигнат со овој документ е таргетирана поддршка за граѓаните и фирмите за надминување на предизвиците кои ги донесоа новите светски кризи. Со предлог-ребалансот на буџетот приходите се проектирани…
Македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи синоќа ја коментираше шегата на претседателот на албанската влада Еди Рама, кој за време на самитот на Југоисточна Европа во Солун, додека грчкиот премиер Мицотакис на германскиот канцелар Олаф Шолц му ги претставуваше гостите, го нарече премиерот Димитар Ковачевски премиер на „идна Западна Бугарија”. -Премиерот Рама беше многу остар кон бугарската делегација во Солун, дотолку што и тие се вознемирија, посебно кон прашањето за Македонија, велејќи дека ова што го прави Бугарија е голем срам, прокоментира Османи во емисијата „Клик плус“. Според него, пред да ја каже шегата, Рама жестоко ја бранел Македонија. -Секако…
Општина Тетово преку соопштеније ги известија сите граѓаните дека дворовите на основните училишта „Истикбал“, „Лирија“ и Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ” во двете згради, ќе бидат отворени за паркирање на возила. Паркирањето ќе биде бесплатно. Целта на оваа одлука според општинските власти е да се намали сообраќајниот метеж во текот на летото, кога вообичаено иселеници доаѓаат на одмор и има поголема фрекфентност низ улиците. Оттаму апелираат до граѓаните со своето однесување да придонесат за помалку сообраќаен хаос. – Сакаме да апелираме и до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, да не ги блокираат постојките за градскиот превоз, исто така и да го…
Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов на својот фејсбук профил најави дека ќе поднесе тужба против бугарскиот премиер Кирил Петков, министерот за финансии Асен Василев и министерот за спорт во оставка Радостин Василев затоа што од нивна страна неколку пати бил наречен „мафија“. -Денес неколку пати слушнав дека јас сум мафијата од страна на премиерот Кирил Петков, министерот за финансии Асен Василев и Радостин Василев, кого не знам како да го дефинирам. Се согласувам дека во Бугарија секој може да каже нешто за секого, но мора да одговара за своите зборови. Еднаш ги осудив жолтите весници за нивните лаги.…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 10.06 до 12.06.2022): Направени се 1.640 тестови, а регистрирани се 69 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 53, Битола и Тетово – по 3, Дебар – 2, Куманово, Прилеп, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани, Свети Николе и Берово – по 1. Од вкупниот број на позитивни (69), регистрирани се 9 реинфекции. Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од: Скопје – 51, Битола – 9, Тетово – 6, Дебар – 4, Куманово и Прилеп – по 2, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани, Свети Николе, Берово, Кавадарци, Велес,…
Финското Министерство за правда ги отфрли барањата за екстрадиција на лицата кои Анкара ги смета за членови на терористички организации. „Финска не се согласи да и испорача на Турција луѓе кои, според Турција, биле поврзани со движењето на проповедникот Фетула Ѓулен или со курдската организација ПКК, кои тие ги сметаат за терористи“, пишува финскиот весник „Иле“. Станува збор за барања за екстрадиција што Турција ги достави до Финска од 2019 до 2022 година. До почетокот на јуни оваа година, Финска доби десет барања за екстрадиција од Турција. „Финска екстрадираше две лица, но според документите за овие екстрадиции, се чини дека…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89 % во однос на одлуката од 8.06.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,249%, кај дизелот за 3,681%, кај екстра лесното масло за 3,681% и кај мазутот зголемувањето е за 1,405%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит.…
Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски утрово беше на увид во просториите на градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, каде што во текот на викендот паднал плафон од гипс картон во две простории, а во уште една е оштетен. – Ја утврдуваме причината, најверојатно се работи за технички проблем. Веројатно олуците не биле исчистени поради што дошло до нивно запушување. Имајќи предвид дека станува збор за скриен покрив, водата прелила преку олукот врз изолацијата која натежнала на плафонот од просторијата кој е изработен од гипс картон, изјави градоначалникот Јакимовски по извршениот увид. При увидот, биле забележани и…
Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски сепак нема да оди во Украина со албанскиот премиер Еди Рама и нивниот црногорски колега Дритан Абазовиќ. „Поканата се однесува на период кој во агендата на премиерот е исклучително интензивен и поради неможност истата да се измени, за жал не бевме во можност позитивно да одговориме“, велат од Владата. Како што дополнуваат, нашата поддршка за Украина и храбриот украински народ е недвосмислена и безрезервна. „Благодарни сме на поканата за посета за која веруваме дека наскоро ќе биде реализирана“, велат оттаму. Претходно црногорскиот весник „Вијести“ објави дека премиерите на Северна Македонија и на Албанија ја прифатиle идејата…
Потрошувачката во период на важење на евтина струја нема да влезе во блок тарифите по новиот тарифник, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски. „Ќе ги примаме сите забелешки, се заблагодарувам на сите граѓани и експерти кои јавно настапуваат и даваат сугестии и предлози. Во наредниот период ќе обрнеме внимание на предлозите и забелешките, рече тој. Регулаторна комисија објави калкулатор за граѓаните и тие самите ќе можат да проверат колку трошат и плаќаат сега за струја, а колку ќе плаќаат за истата потрошувачка кога плаќањето ќе биде по блокови. Споредбата на сметки ќе се прави онлајн. „Имаше доста…
Властите во главниот град на Кина, Пекинг, побрзаа да спречат епидемија на инфекција со ковид што избувна во бар отворен 24 часа познат по евтин алкохол и големи гужви, при што милиони се соочуваат со задолжително тестирање, а илјадници се во изолација. Избувнувањето на скоро 200 случаи во бар во центарот на градот, кој повторно беше отворен по минатонеделното олеснување на ограничувањата во Пекинг, покажува колку ќе биде тешко за Кина да успее во својата политика за нулта ковид, додека остатокот од светот одлучи да научи како да се живее со вирусот. Повторното појавување на инфекција со ковид, исто така,…