Општина Тетово преку соопштеније ги известија сите граѓаните дека дворовите на основните училишта  „Истикбал“, „Лирија“ и Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ” во двете згради, ќе бидат отворени за паркирање на возила. Паркирањето ќе биде бесплатно. Целта на оваа одлука според општинските власти е да се намали сообраќајниот метеж во текот на летото, кога вообичаено иселеници доаѓаат на одмор и има поголема фрекфентност низ улиците.

Оттаму апелираат до граѓаните со своето однесување да придонесат за помалку сообраќаен хаос.

– Сакаме да апелираме и до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, да не ги блокираат постојките за градскиот превоз, исто така и да го користат истиот за да се намали загадувањето на воздухот и да не се предизвикува сообраќаен хаос, велат од Општина Тетово.