Author: НОВА ТВ Terziova

Белешка наводно напишана од самиот бугарски премиер Кирил Петков за тоа како да се укине ветото за Северна Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, прикажа денеска бугарскиот пратеник Станислав Балабанов. Балабанов, кој е пратеник од партијата на Слави Трифонов, Има таков народ, која најави излегување од владината коалиција, во изјава за емисија на БТВ рече дека оваа белешка ја напишал самиот Петков на лист од службените тефтери на Советот на министри во возот за Киев, каде оствари средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски. -Подготвен сум да бидам подложен на детектор за лаги за оваа белешка, а во Бугарија има…

Read More

Ламбе Алабаковски е пуштен во домашен притвор, потврди за Телма адвокатот на пејачот Дарко Стефановски. По жалба на адвокатот на Ламбе Алабаковски Судскиот совет од битолскиот основен суд ја преиначи мерката притвор во куќен притвор. Алабаковски попладнево го напушти притворското одделение во затворот во Битола и е спроведен во неговиот дом, каде ќе ја издржува мерката. Претходно Драган Георгиев, адвокатот на Ламбе Алабаковски кој беше уапсен за палење на културниот центар „Иван Михајлов“ за што доби осумдневен притвор, откри дека пејачот има државјанство на САД, но дека тоа не го користи во своја полза.

Read More

Процесот на европска интеграција на Република Македонија мора да биде одржлив и да се надоврзува на нејзините достигнувања во исполнувањето на критериумите за членство во Европската Унија. Ова го истакнал претседателот на Бугарија, Румен Радев на средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, кој е во посета на Бугарија. Шефот на бугарската држава го искажал ставот на неговата земја „која очекува резултати во билатералниот дијалог со Македонија, вклучително и обезбедување уставни гаранции за почитување на правата на македонските Бугари и вистински дејствија за искоренување на говорот на омраза, зачувување на вековната бугарска култура и историја, како и…

Read More

Несекојдневно кукавички чин на насилство се случил вчера во неготинско село, кога тројца членови на семејство – татко и двајца браќа, ѝ се нафрлиле и ја натепале 24-годишната сопруга на еден од браќата, соопшти МВР. „На 08.06.2022 во 18.50 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Е.С.(28), С.С.(32) и М.С.(57), сите од неготинско село, постапувајќи по пријава на 24-годишна жена според која во дворот од семејната куќа била физички нападната од сопругот, деверот и свекорот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.

Read More

Бугарија има две опции за излез од кризата: избори или влада на национален спас, која ќе ја поддржат речиси сите партии. Бугарските граѓани однапред му изгласаа доверба на кабинетот на Петков, но во последните шест месеци оваа влада изгледа неподготвена. Повлечени се милијарди заеми, а мерките против кризата беа одложени или недоволни. Ова во интервју за БГНЕС го вели Кирил Добрев, поранешен потпретседател на Народното собрание на БСП и пратеник во повеќе парламентарни состави на Бугарија, тој е и политички аналитичар. Тој истакна дека повлекувањето на „Има таков народ“ од владејачката коалиција не е изненадување. „Многу пати сум кажал дека…

Read More

Седумгодишниот генијалец од Тетово кој победи на натпревар по математика во кој учествуваа 4.000 учесници во 22 земји, ги доби златните медали од натпреварот и се фотографираше со нив. На седумгодишниот Македон Димитровски му беа врачени златните медали што ги освои на натпреварот „Математика без граници“, а гордите родители ги споделија фотографиите на социјалните мрежи. Димитровски е седумгодишен генијалец од Тетово, кој говори повеќе јазици меѓу кои германски, англиски, кинески и арапски, а решава математички задачи наменети за втора година средно образование. Тој неодамна одржа лекција по историја и географија, што стана хит на социјалните мрежи. Според првичните процени малиот…

Read More

Пресуда за дел од цариниците кои овозможиле шверц на лекови за производство на екстази. Вчера скопскиот Кривичен суд казни четворица од осум обвинети цариници кои признаа вина за делото криумчарење. „Двајца цариници се казнети на по шест години затвор, додека двајца добија условна казна од по шест месеци ако во наредните 2 години сторат друго дело. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое го отвори случајот најави жалба на овие пресуди“, соопштија од обвинителството. Истрагата беше отворена лани во декември, во која според обвинителството, се утврди дека цариници, полицајци и други лица во два наврати организирале неовластено пренесување…

Read More

Врховниот суд на Народна Република Доњецк осуди двајца државјани на Велика Британија и еден државјанин на Мароко, кои се бореле на страната на украинските милитанти, на смртна казна , јавува дописникот на РИА Новости од судницата. Мароканскиот државјанин Садун Брахим и британските државјани Ејден Аслин и Шон Пинер се осудени на смртна казна, според пресудата на Врховниот суд на ДНР. Според законите на републиката, осудените ќе бидат стрелани. Во средата, Пинер и Аслин и Брахим се изјаснија за виновни за дејствија за преземање на власта со сила. Соодветниот член од Кривичниот законик на ДНР предвидува смртна казна. Аслин ја призна…

Read More

Центарот за управување со кризи (ЦУК) и денеска (како што тоа е во континуитет од 08 април па до сега) заради можно локално невреме во Скопско известува и апелира до граѓаните дека местото каде паѓаа лимови од кров на зграда во Општина Центар на улица „Македонија“ се уште претставува потенцијална опасна површина за движење – конкретно каде што паѓаа лимови од покривот на зградата на „Технометал Вардар“ карши Спомен куќата на мајка Тераза во самиот Центар на Град Скопје. ЦУК, во овааа прилика, за можната опасност известува и заради продолжениот викенд и најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за…

Read More

Професорката Родна Живковска од Правниот факултет не доби поддршка од Комисијата за прашања на изборите и именувањата да биде уставна судијка. Мнозинството гласаше против додека од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ доби три гласа „ЗА“. Живковска беше предложена од опозициската партија заедно со уште петмина други кандидати. Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска со месеци упатува апел до Законодавниот дом дека состојбата во судот е сериозна, откако тој работи со четири судии помалку отколку што е предвидено со Уставот.

Read More

Најавениот дожд и невремето најпрво пристигна на југот на Србија. Ниш и неговата околина нешто по 15 часот ги зафати невреме и грмотевици, а потоа лошото време се пресели на север. Во Ниш врнеше силен дожд проследен со ветер и грмежи. Поради лошите временски услови, некои делови од градот останаа без струја. Според нишките медиуми, струја нема во населбата Паси Пољана, дел од Палилула и булеварот Византиј. На самиот југ на Србија, кај Грачаница, паѓа силен град. Во Александровац, Крушевац, Трстеник и околните места повеќе од еден час врнеше дожд што им создаде големи проблеми на граѓаните. Во Александровац дождот…

Read More

Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања вечерва во ТВ21 во емисијата „Клик Плус“ кажа дека во време на криза треба сите да бидат солидарни, и дека не може да прифати некој добро да заработува на грбот на земјоделците. „Зошто јас реагирам кај крајните продавачи? Реагирам затоа што не можам да прифатам продуктот кој земјоделецот ви го дава за девет денари, на трпеза завршува со 69 денари. Тоа не можам да го прифатам“, изјави Битиќи. Вицепремиерот исто така додаде дека спасени се преку 60.000 работни места, во изминатиот период од две години додека траеше кризата. „Две години повторуваме дека сме во…

Read More