Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Европејците се обидоа да искористат „пештерски метод“ за да демонстрираат единство во своите редови забранувајќи го летот на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за Србија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова за ТВ „Матч“. Захарова признала дека со недозволувањето на шефот на руското МНР да пристигне во Белград, „голем број млади членки на НАТО се свртуваат против Србија“. Според неа, преку овие дејствија „тие само се обидуваат да покажат единство во своите редови со таков чуден, навистина пештерски метод“. На прашањето каков ќе биде одговорот на Москва на одбивањето на Бугарија, Северна…
Премиерот на Бугарија во интервју за БТВ денеска за првпат во јавноста објави детали од разговорите кои се водат меѓу Македонија и Бугарија за кревање на ветото. „Во моментов е само на ниво на предлог, не знам до каде ќе стигне. Тоа е европските партнери да се согласат дека првата меѓувладина конференција за РСМ во ЕУ ќе се случи по промената на Уставот. Ова е на ниво на преговори, но низ дискусија стигнато е до ова решение“, рече бугарскиот премиер во интервјуто, емитувано попладнево. Петков повтори дека каков било договор и да биде постигнат со Македонија, тој ќе помине низ…
Хрватска го отфрли обвинението за случајот “Раштански лозја”. Овој случај е повеќе од една деценија во Пула, а судот го држеше замрзнат бидејќи Бошкоски беше во затвор, пишува А1он. Поранешниот министер истакна дека со оваа пресуда завршува дводеценискиот политички прогон против него. Бошкоски, по министерската функција мина низ неколку судски процеси поради кои речиси десет години беше во затвор. Половина од затворските години беа во Хаг, половина кај нас за случајот “Кампања” за кој повторно се води судски процес, а Бошкоски докажува дека бил политичка жртва.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка, и против неговиот родител А.Д.(32) од Скопје и С.Д.(43), родител на малолетничката, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. „Во текот на април 2021, малолетниците се запознале и почнале невенчано да живеат заедно, при што малолетничката забременила и се породила. С.Д. и А.Д. се осомничени затоа што ја запоставиле нивната родителска грижа со тоа што им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат во вонбрачна заедница“, велат од МВР.
Православната Црква на Грција денеска излезе со соопштение од нејзиниот Свет Синод, во кое се вели дека Атинската Архиепископија, возглавена од Архиепископот г. Јероним, со задоволство го прими писмото од Вселенската Патријаршија во кое се известува за „исцелението на расколот од 1967 година и востановувањето на црковното општење“ на светата Охридска Архиепископија, под водство на Неговото Блаженство Архиепископот г. Стефан. Истовремено, Светиот архиерејски Синод на Атинската Архиепископија изразува сериозна загриженост поради писмото од Патријаршијата на Србија, пред сè, поради користењето на името „Македонска православна црква“, бидејќи на тој начин се навлегува во внатрешните работи на Црквата на Грција која, исто…
Многу ми е жал. Тоа претпријатие е останато девастирано од претходното раководство. Тие не успеале да ги сервисираат ниту новите возила од 2019 година, а да не зборам за експонатите, вели градоначалничката Данела Арсовска во врска во најавата на Независниот синдикат на ЈСП кој најави штрајк бидејќи бараат подобри услови за работа. -Независниот синдикат не знам зошто покренува вакви активности, можеби и политички е мотивирано, бидејќи беше разговарано за скалесто зголемување во рамки на сите претпријатија. Тоа не е добро за нив како синдикат бидејќи го губат својот кредибилитет во процесот на преговарање, а го нарушуваат она што вработените го…
Експериментален лек за рак се смета дека успешно го излечил секој пациент во едно мало клиничко испитување спроведено во САД. 12-те пациенти, на кои сите им бил дијагностициран ректален карцином, влегле во ремисија откако земале достарлимаб во период од шест месеци, се наведува во студијата објавена во The New England Journal of Medicine. „Ова е првпат да се случи нешто вакво во историјата на ракот“, изјави за Њујорк Тајмс д-р Луис Дијаз, еден од водечките автори на трудот и онколог во Центарот за рак Меморијал Слоан Кетеринг во Њујорк. Пациентите, исто така, не доживеале значајни несакани ефекти во текот на…
Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“, Слави Трифунов, се огласи на Фејсбук, откако беше обелоденето дека пејачот Ламбе Алабаковски е осомничен за палењето на влезната врата на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола. „Стана јасно кој е пироманот кој го запалил бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола. Станува збор за 34-годишен пејач по име Ламбе Алабаковски. Тој го признал делото. Во исто време, корисниците на социјалните мрежи во Северна Македонија почнаа да објавуваат фотографии со пораки: „И јас сум Ламбе Алабаковски! Beе ѕuіѕ Ламбе Алабаковски! Сите сме Ламбе, стоп за фашизмот“. Сега, од сета оваа гнасна…
Според извори од Обвинителството судија на претходна постапка му определил осум дена притвор на Ламбе Алабаковски јавува Телма, осомничен дека го подметнал пожарот во Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола. Основното јавно обвинителство Битола соопшти дека повело постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. „Постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил. Бидејќи…
„Немаме набавка во изминатите три години, нема мебел, инвентар, опрема итн. Намалени се сите посети и патувања во странство и земјава. Намалени се дел од платите на менаџметот“, вели директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Треба да тргнете од себе ако сакате да испратите порака. Нашите плати, на мене, мојот заменик и менаџметот на компанијата, ги намаливме за 30 отсто. Генералниот директор на АД ЕСМ е на 14-то место по примање на нето плата во компанијата. На прво место е вработен во РЕК Битола. Мора да дадеме личен пример“, додава Ковачевски. Како што вели, за 15 отсто се намалени и…
Премиерите на Македонија, Црна Гора и Албанија, и претседателот на Србија Александар Вучиќ се сретнаа на работна вечера во премиерската вила во Охрид. Средбата е во пресрет на утрешната состанок на Отворен Балкан чиј домаќин е Македонија. Пред почетокот на работната вечера Ковачевски посака добредојде нагласувајќи дека со особена чест ги пречекува на Самитот, посветен на иднината на иницијативата „Отворен Балкан“. „Ја нагласувам иднината, затоа што докажавме дека Отворен Балкан го става зад себе минатото. Наместо ѕидови како некогаш, Отворен Балкан гради мостови. Отвора нови перспективи за нашите држави, за нашите народи, за нашите економии и за нашите општества“, истакна…
Владимир Путин не дава никакви знаци дека е подготвен да се пензионира, но и не размислува за својот наследник, иако многумина во Русија размислуваат. Ова за британски „Телеграф“ го пишува Марк Галиоти од Универзитетот во Лондон, кој е длабоко запознаен со случувањата во врвот на рускиот владејачки апарат. Воени пресврти во Украина, политичка несигурност дома и прашања за неговото здравје – сето тоа значи дека елитите тивко разговараат за нешто што би било незамисливо пред само неколку месеци: како ќе изгледа животот по Путин? Пропагандната машина на Кремљ работи неуморно, објаснувајќи како „специјалната воена операција“ на Путин ги исполнува своите…