СВР Скопје поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка, и против неговиот родител А.Д.(32) од Скопје и С.Д.(43), родител на малолетничката, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

„Во текот на април 2021, малолетниците се запознале и почнале невенчано да живеат заедно, при што малолетничката забременила и се породила. С.Д. и А.Д. се осомничени затоа што ја запоставиле нивната родителска грижа со тоа што им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат во вонбрачна заедница“, велат од МВР.