Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Невработеноста во Македонија повторно бележи намалување, и во првиот квартал оваа година падна на 14,8 проценти. Ова го покажуваат податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, каде е посочено дека во првото тромесечје од 2022 година активното население во земјава изнесува 811.197 лица, од кои вработени се 691.498 граѓани, а 119.699 лица се невработени. – Стапката на активност во овој период е 55,3, стапката на вработеност 47,1, додека стапката на невработеност изнесува 14,8 отсто. При обработката на податоците за првото тримесечје од 2022 година се користени регионалните демографски дистрибуции по пол и по петгодишни старосни групи за калибрирање на…
Во текот на вчерашниот ден се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат Липково-Арачиново во која тешко бил повреден малолетен пешак. На 02.06.2022 околу 14.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Липково – Арачиново, во с.Матејче, општина Липково, патничко возило „форд фиеста“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(24) од с.Виштица, општина Липково, удрило во малолетен пешак од с.Матејче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
Во катедралата Свети Павле во Лондон се одржува служба на Денот на благодарноста за 70-те години на тронот на кралицата. Самата кралица не е таму откако доживеа „непријатност“ по прославите за да го започне четиридневниот јубилеен викенд. Бакингемската палата соопшти дека одлуката била донесена со голема неволност и дека кралицата уживала во „незаборавниот“ прв ден од свеченостите. Принцот Чарлс, принцот Вилијам, принцот Хари и Меган се на јубилејната служба во катедралата Свети Павле. Ова е прво јавно појавување во Велика Британија за Хари и Меган по две години. Високи политичари, вклучително и премиерот Борис Џонсон, заедно со другите лидери присуствуваат…
Брашното и лебот како основни намирници достигнаа рекордно високи цени како никогаш до сега. Килограм брашно и една векна леб се продаваат и по 60 денари, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски. „5 години по ред производството на пченица во Република Македонија паѓа. Па така ако во 2016 година се произвеле над 310.000 тони пченица што е доволно за задоволување на домашните потреби, сега се произведуваат помалку од 250.000 тони, тоа е за 60.000 тони помалку производство“, вели Трипуновски. Пратеникот предлага Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви. Со ослободување на 40.000 тони пченица до почетокот на…
Во петок (3 јуни) со почеток во 18:30 часот во кинотечната сала при Кинотеката на С. Македонија, како дел од Официјалната селекција на долгометражни филмови, ќе се одржи проекција на данскиот филм „Претпоследниот“ (The Penultimate, 2020, 120’) премиерно прикажан во долгометражната селекција на дебитантки филмови на Фестивалот „Црни Ноќи“ (Black Nights) во Талин. По проекцијате публиката ќе има единствена можност да проследи Q&A и дискусија со режисерот на филмот Јонас Керуп Хјорт. ПРЕТПОСЛЕДНИОТ е кафкијанска приказна за безначаен водоводен инспектор кој пристигнува во џиновска зграда за да ги регистрира водомерите на жителите. Пред да разбере што се случува, тој се…
Американскиот претседател Џо Бајден го повика Конгресот да го забрани автоматското оружје, да воведе проверка на податоците за сите оние кои го купуваат и други мерки за контрола на оружјето за да се запре серијата масовни престрелки што ги погодија Соединетите држави. Во директен пренос од Белата куќа во ударниот термин, Бајден ја праша земјата, згрозена од неодамнешните престрелки во Тексас, Оклахома и Њујорк, колку овие случаи треба да ги променат законите за оружје во САД. – За волја на Бога, уште колку масакри сме подготвени да прифатиме? – праша Бајден. Претседателот, демократ, повика на серија мерки на кои историски…
„Ние како влада предвидовме антикризни мерки за околу 73 милиони евра и веќе ги правиме сите анализи“, посочи на прес конференција заменикот на претседателот на Владата Фатмир Битиќи Тој вели дека мерките ќе бидат донесени, но нема да бидат сеопфатни, туку ќе бидат таргетирани за најзагрозени компании и целни групи. „Не може поскапувањата да бидат за 20 отсто за 24 часа“, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи појаснувајќи дека трговците и останатите дејности во голем дел се служат со манипулации со цените и дека ќе мора да реагираат инспекциските служби. „Со особен интерес ги следиме цените во последните три…
На запад во Москва избил пожар во бизнис-центарот „Гранд сетун плаза“, а огнот ги зафатил првите четири ката, пренесува агенцијата ТАСС повикувајќи се на извештаите од итните служби. Пожарот ги зафатил првите четири од вкупно 10 ката во зградата, а пожарот го гасат 180 пожарникари. На местото на настанот пристигнале и рускиот министер за вонредни состојби Александар Куренков и неговиот заменик Илја Денисов. Според прелиминарните податоци, нема жртви, а во тек е евакуацијата од зградата. Како што пишува ТАСС, во зградата останале уште 20 луѓе. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјаник, побарал да се преземат сите неопходни мерки за евакуација на…
Сто дена по руската инвазија на Украина, војната му донесе на светот речиси секојдневени сцени со ужас: цивилни трупови на улиците на Буча; разнесениот театар во Мариупол; хаосот на железничката станица во Краматорск по рускиот ракетен напад. Тие слики кажуваат само дел од целокупната слика за најлошиот вооружен конфликт во Европа во последните децении. Еве еден поглед на некои бројки и статистики кои фрлаат дополнително светло на смртта, уништувањето, раселувањето и економскиот хаос предизвикани од војната додека ја достигнува оваа пресвртница без да се гледа крај. Никој навистина не знае колку борци или цивили загинале, а тврдењата за жртви од…
Комисијата за избори и именувања денеска во 11 часот треба да ја продолжи 13-та седница на која треба да бидат утврдени предлозите за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Продолжението на седницата, беше најавено вчера од претседателката на Комисијата за избори и именувања Марија Георгиевска. Комисијата вчера го утврди предлогот Фатмир Скендер, граѓански судија во Апелациониот суд во Скопје, да биде избран за уставен судија. Комисијата треба да се произнесе уште за осум предлог-судии. Освен предлогот Фатмир Скендер, пратениците треба да ги разгледаат и предлозите за уставни судии на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Тања Васиќ…
Маж со пиштол уби две жени на паркинг на црква во американската сојузна држава Ајова, а потоа се самоуби. Во друго пукање две лица се ранети на гробишта во Висконсин, јавува „Ројтерс“. Пукањето во Ајова се случило вчера, пред црквата Корнерстон, фундаменталистичка христијанска црква источно од градот Ејмс, додека траела богослужбата, а кога полицијата пристигнала на местото, пронашла тројца мртви, соопштија од канцеларијата на шерифот. Соединетите држави беа потресени во последните недели од масовни пукотници во кои загинаа 10 Афроамериканци во северниот дел на Њујорк, 19 деца и двајца учители во Тексас и двајца лекари, рецепционер и пациент во Оклахома.
Распишавме четири нови јавни огласи преку кои на располагање ставаме 4.294 хектари државно земјоделско земјиште до 3 хектари, распределени во 31 регион низ државата, објави министерот за земјоделство Љупчо Николовски. „Земјоделското земјиште кое се дава на закуп со овие јавни огласи е со намена за подигнување на долгогодишни насади и оранжерии за период до 30 години, подигнување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигнување на маслинарници за период до 50 години, поставување на пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, одгледување на брзо растечки дрвја на замјоделско земјиште кое се…