Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филозофски Филмски фестивал со вечерна проекција и присуство на дански режисер

0
By НОВА ТВ Terziova on June 3, 2022 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 3, 2022 11:59

Во петок (3 јуни) со почеток во 18:30 часот во кинотечната сала при Кинотеката на С. Македонија, како дел од Официјалната селекција на долгометражни филмови, ќе се одржи проекција на данскиот филм „Претпоследниот“ (The Penultimate, 2020, 120’) премиерно прикажан во долгометражната селекција на дебитантки филмови на Фестивалот „Црни Ноќи“ (Black Nights) во Талин. По проекцијате публиката ќе има единствена можност да проследи Q&A и дискусија со режисерот на филмот Јонас Керуп Хјорт.

ПРЕТПОСЛЕДНИОТ е кафкијанска приказна за безначаен водоводен инспектор кој пристигнува во џиновска зграда за да ги регистрира водомерите на жителите. Пред да разбере што се случува, тој се наоѓа себеси заробен во лавиринт од пречки како „Алиса во земјата на НЕ-чудата“. Во неговиот обид да избега, перцепцијата на реалноста, рационалното и остатоците од неговото човечко постоење се превртени наопаку…

Сместен во мрачна дистописка и клаустрофобична атмосфера, овој филм со елементи на драма на апсурдот се наоѓа на линијата меѓу делата на Франц Кафка и Луис Керол. Дезориентацијата, збунетоста и изгубеноста на антихеројот од филмот во непознатиот и чуден свет се само дел од клучните елементи на долгометражниот филмски првенец на Јонас Керуп Хјорт. Преку специфичен хумор и алегорија, и притоа користејки минималистичка сценографија, данскиот режисер ни нуди едно гротескно патување во еден простор (објект) кој наликува на лавиринт.

Во самиот филм е непознато како времето тече. Но смртта е симбол на времето. Затоа смртта е толку далеку колку што е и близу. Филмот нè упатува на фактот дека никогаш целосно не сме сами, а истовремено и на човековата потреба за трансенденција во самиот животен лавиринт.

Јонас Керуп Хјорт е дански филмски режисер којшто работи во Копенхаген, Данска. Пред да се запише на Националната филмска школа во Данска, тој веќе има искуство во театар и како актер и како режисер. Во 2017 година дипломирал со наградуваното филмско остварување „За еден месец“ (In a Month), апсурдно и мрачно, визионерско истражување на човековото постоење. Филмот му ја донесе наградата FilmFunen Talent, неколку номинации на меѓународни фестивали за краток филм, како и три награди на Ekko Shortlist Awards. Тој го има напишано, режирано и монтирано неговиот прв долгометражен филм „Претпоследниот“ чијашто премиера беше во Талин.

Во останатиот дел од утрешната програма публиката ќе има можност да ги погледне и „По љубовта“ (After Love, 2020, 90’), дебитантски филм на Алем Кан кој премиерно беше прикажан во селекцијата „Недела на критиката“ на Канскиот филмски фестивал 2020, во 17 часот, како дел од Официјалната селекција на долгометражни филмови, а во вечерната програма, како дел од Ревијалната програма: Филм-философија, во 21 часот, ќе биде прикажан филмот „Млинот и крстот“ (The Mill and The Cross, 2011, 96’) на полскиот режисер Лех Мајевски, заедно со излагање на проф. д-р Владимир Мартиновски на тема „Едно платно – илјада приказни: меѓу ликовното дело и подвижните слики во филмот Млинот и крстот од Лех Мајевски“.

култура филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.