Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Претседателот Стево Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос се сретна со сопственикот на Манчестер Јунајтед, Аврам Глејзер. Како што Пендаровски напиша на социјалните мрежи, тие разговарале за македонскиот репрезентативен фудбал, за Роналдо, но и за најновите засилувања на Манчестер. „Со сопственикот на Манчестер Јунајтед Аврам Глејзер, во Давос на Светскиот економски форум разговаравме за подемот на македонскиот репрезентативен фудбал и квалитетот на нашите фудбалери. Зборувавме и за Роналдо, несомнено еден од најдобрите. Ја имав честа од прва рака да чујам за неговиот иден статус и за најновите засилувања во клубот“, напиша Пендаровски.
„Ние со република Грција градиме добри пријателски и билатерални односи. Ме радуваат податоците за нашата економската соработка, остваривме размена која надмина 900 милиони евра“, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи на средба помеѓу делегациите на Министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Грција. Според Османи, стартот на преговорите за Македонија и Албанија е најдобар начин да се врати европскиот кредибилитет во регионот. Шефот на грчката дипломатија Никој Дендијас посочи дека овие контакти покажуваат колку значење се дава на односите меѓу двете земји. „Грција посакува и работи засилено за да обезбеди мир и стабилност на Македонија регионот.…
Претседателот на Русија, Владимир Путин, во средата попладне ја посети Централната воена клиничка болница „П.В. Мандрика„ во Москва каде се лекуваат ранетите војници, кои биле дел, од како што велат, „специјалната операција“ во Украина. -Путин разговарал со војниците, се заинтересирал за нивните семејства и ја ветил сета потребна помош по напуштањето на болницата, објавија од Кремљ. Руското Министерство за одбрана планира да обезбеди работни места за своите војници и офицери во своите структури, па некои од нив ќе бидат преквалификувани. -Ќе бидат обезбедени и семејствата на загинатите војници и офицери, а нивните деца ќе добијат стипендија за завршување на училишта…
Десетгодишната Амери Јо Гарза била брутално убиена додека се обидувала да повика брза помош, за време на масакрот во основното училиште во Тексас, пренесуваат американските медиуми. Девојчето добило пофалница за одличните оценки, а само неколку часа подоцна била убиена, пренесуваат медиумите. Амери го прослави својот 10-ти роденден пред само две недели и беше застрелана додека се обидуваше да повика брза помош, рекла нејзината баба Берлинда Ајрене Ареола, додавајќи дека девојчето било исклучително отворено и омилено меѓу наставниците. „Ве молам, не земајте ниту една секунда здраво за готово. Прегрнете го вашето семејство. Кажете им дека ги сакате“, напишал нејзиниот очув на…
Владата на денешната седница го утврди пакетот од четири закони за повисоки плати во правосудниот и обвинителскиот систем информираат и од Министерството за правда преку писмено соопштение испратено до медиумите. „Со измените и дополнувањата на Законот за плати на јавните обвинители се прилагодува коефициентот за утврдување на плата на јавните обвинители и вкупните заложби за подобрување на материјалните и финансиските ресурси во правосудниот систем вклучително и платите и другите надоместоци на јавните обвинители. Цел на предложените законски измени е надградување на системот на плати на јавните обвинители, соодветни на значењето и угледот на функцијата кои тие ја вршат, тежината на…
Двајца млади британски државјани се уапсени во Охрид, откако нападнале 48-годишен жител на градот, соопшти МВР. „На 24.05.2022 околу 20.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода К.О.Г.(21) и К.К.(29), двајцата од Велика Британија, затоа што на улица „Наум Охридски” физички го нападнале Б.Н.(48) од Охрид“, велат од полицијата. Во соопштението се додава дека двајцата се задржани во СВР Охрид за понатамошна постапка.
Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) ќе излезат на улица бидејќи се револтирани од односот на Владата. Тие од колумна на министерот Фатмир Бесими дознале дека наместо поголеми плати, административците ќе добијат методологија за нивната продуктивност. -Незадоволството е огромно. Во 5 до 12 да се бараат изговори дека сега ќе се прават методолигии, сега ќе се прави оценување…. а тоа го има во секој закон. Мислевме дека се разбираме и покажавме солидарност со кризата што се случува, но тоа не е доволно за Владата. Се спремаме со сите органи за одлука за генерален штрајк,…
Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за месец мај 2022 година, и го задолжи Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.05.2022 година. Со оваа информација Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30.05.2022 година. Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ќе ги реализираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата: За пензии со висина…
Во Струмица повеќе нема диви продавачи на текстил. Нелојалната конкуренција и грдата слика на градот се минато. Ова е резултат на силната желба и заедничкото работење на сите партнери во Локалниот совет за превенција, информираше преку социјалните мрежи градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов. На денешната седма конференција се договоривме овој 100 процентен резултат да го повториме и кај другите отворени проблеми како што се нелегалната трговија со старо железо на улицата „Антон Панов“, вандализмот на урбаната опрема, а пред нас се и нови предизвици коишто ги носи летото, еден од нив е узурпацијата на тротоарите од страна на несовесните…
Словачкиот премиер Едуард Хегер упати силно предупредување за иднината на неговата земја, во случај Русија целосно да ја освои Украина и да излезе како победник во актуелната војна, пренесуваат тамошните медиуми. „Ако Украина падне, следна е Словачка. Украина мора да победи“, изјави Хегер за време на панелот на Светскиот економски форум во Давос, каде присуствуваат голем број политички и економски лидери. Премиерот на Словачка ги критикуваше членките на ЕУ дека премногу се потпираат на енергенси од Русија и ги повика европските лидери „да престанат да ги компромитираат“ своите принципи кога си имаат работа со Русија. „Предолго ги продававме своите вредности…
Кинеската делегација на Светскиот економски форум во Давос не аплаудираше по говорот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, а потоа ја напушти просторијата, јави денеска „СNN“, повикувајќи се на американскиот конгресмен Мајкл Меккол, кој присуствувал на форумот. Меккол покажал слика додека бил во програмата, на која се гледа како претставници на Кина седат додека другите во просторијата аплаудираат. После тоа, како што рече конгресменот, кинеската делегација ја напуштила просторијата. Претседателот на Украина денеска преку видео-врска зборуваше на Светскиот економски форум во Давос, јави претходно ТАС С. Тој повтори дека Украина не е подготвена за територијални отстапки, повика на поголема испорака на…
Се бараат 900 милиони евра за враќање на долгови од претходните Влади, посочи министерот за економија, Крешник Бектеши во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. „Како што објасни и министерот за финансии, и јас кажувам дека голем дел од овие средства се за враќање на долгови кои ги наследнивме од претходните Влади“, порача Бектеши. Тој додава дека исто така, дел од овие средства ќе бидат искористени за нови мерки, кои како влада ги подготвуваат се со цел, да им помогнат на граѓаните и компаниите, а посебно за социјалните категории. „Како што предвидовме 100 милиони евра на почетокот на годината за…