„Ние со република Грција градиме добри пријателски и билатерални односи. Ме радуваат податоците за нашата економската соработка, остваривме размена која надмина 900 милиони евра“, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи на средба помеѓу делегациите на Министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Грција.

Според Османи, стартот на преговорите за Македонија и Албанија е најдобар начин да се врати европскиот кредибилитет во регионот.

Шефот на грчката дипломатија Никој Дендијас посочи дека овие контакти покажуваат колку значење се дава на односите меѓу двете земји.

„Грција посакува и работи засилено за да обезбеди мир и стабилност на Македонија регионот. Сигурни сме дека преговорите мегу Албанија и Македонија треба да почнат веднаш. Тоа е нашата порака која ја пренесуваме. Ние ќе дадеме и поддршка на европската перспектива на Македонија, тука сме да покажеме дека сме со вас кон патот до Европа. Сметаме дека сме ваш близок пријател и сојузник“, посочи Дендиас.

Тој додава дека Грција е насочена кон верно спроведување на Преспанскиот договор.

-Нашите економии се се поблиски и работиме сложено. Големо е задоволството дека грчката инвестиција е на високо ниво во вашата земја и сакаме да поддржиме енергетска независност на вашата земја, порача Дендиас.