Author: НОВА ТВ Terziova

Кај три деца во Грција, на возраст од 14 и 18 месеци и десет години, бил потврден хепатитисот што веќе е регистриран во неколку земји, а не е позната причината и ги напаѓа децата до 16 години, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) соопштија дека трите случаи ги исполнуваат критериумите на СЗО „за веројатни случаи“, а две од децата (14 месеци и десет години) имале симптоми (болки во стомакот, повраќање и треска), како и зголемени трансаминази, додека пак третото дете, 18-месечно било асимптоматско, но исто така со покачени трансаминази. Сите деца…

Read More

Украинскиот омбудсман за човекови права Људмила Денисова тврди дека околу 3.000 цивили од Мариупол биле приведени во затворите под контрола на проруските сили во индустрискиот исток на Украина. Денисова на социјалните мрежи објави дека Киев знае за најмалку два затвора лоцирани во источниот регион на Доњецк, едниот во регионалната престолнина Доњецк, а другиот во Оленивка, пренесува агенцијата АП. Тврди и дека затворениците биле држени во „нехумани услови“, со несоодветен пристап до бањите и без место за лежење. Дел од затворениците биле ослободени по 36 дена, откако потпишале неидентификувани документи. Според американската агенција, украинските власти ги повикале Обединетите нации да реагираат.

Read More

Путин ​​е поопасен од Хитлер и Сталин и сака да го освои Западот, вели Моравјецки. Рускиот национализам е смртна закана за светот, а Западот мора да ѝ го направи на Москва тоа што некогаш и беше направено на нацистичка Германија, напиша полскиот премиер Матеуш Моравјецки во текстот што го објави британскиот весник Телеграф. Тој го изостави делот дека „денацификацијата“ на Германија следеше по нејзиниот воен пораз, но рече дека „депутинизацијата“ на Русија мора да започне „веднаш“, предупредувајќи дека во спротивно западната „душа“ ќе биде во опасност. Моравјецки е еден од најгласните критичари на Русија и на претседателот Путин, кога постојано…

Read More

Апелирам до владите во регионот – не штедете на граѓаните, напротив, вложувајте во нив – во куповната моќ и во развојот на човечкиот капитал, истакна екс премиерот на Македонија Зоран Заев на социјалните мрежи. „Минималната плата мора да одржува постојан раст, социјалната помош исто така, пензиите исто така, напиша Заев. Според него државите, владите, бизнисите, синдикатите и опозициите треба да бидат во постојан дијалог и да создаваат решенија. „Во кризни времиња штрајковите и блокадите не се решенија. Дијалогот е решение.Компетитивност со идеи, трагање по стабилност и предвидливост. Тоа се чекорите кои ќе не одведат до решенија, а не радикални потези,…

Read More

Од утре, автобусите на линиите 19 и 20 ќе продолжат да возат, велат од Град Скопје и додаваат дека проблемот со приватниот превозник „Макекспрес“ е надминат, односно исплатени му се парите. Во договор со компанијата, од утре линиите ќе сообраќаат според редовниот возен ред. Градот Скопје за една недела на приватниот превозник му надомести средства во износ од осум милиони денари, а во текот на следните денови на приватниот превозник ќе му бидат надоместени скоро четвртина од наследениот долг кој Градот го има кон овој приватен превозник, велат од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска. Од Градот се надеваат дека вакви…

Read More

Украински командант опколен во фабриката за челик Азовстал, која со недели е под опсада од руската војска, бара од милијардерот Илон Маск да им помогне на преостанатите украински борци да се евакуираат, пренесува Ројтерс. Многу цивили беа спасени од големата челичарница минатата недела во согласност со договорот со Русија, но не беше постигнат договор со Москва за ослободување на неколку стотици борци, меѓу кои има и ранети. „Луѓето велат дека доаѓате од друга планета за да ги научите луѓето да веруваат во невозможното. Нашите планети се една до друга, бидејќи живеам таму каде што е речиси невозможно да се преживее“,…

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните земји им штетат на нивните национални интереси со воведувањето санкции против Москва, кои предизвикуваат глобална криза. „Овие санкции предизвикуваат голема глобална криза“, рече Путин. Тој рече дека Русија продолжува да работи во тешки надворешни услови. „Зборувам за глобалните предизвици и притисокот од санкциите од страна на западните земји. Овие санкции предизвикуваат сеопфатна глобална криза. Архитектите на овие санкции, кои имаат тесна перспектива, политички амбиции и фобија од Русија, им штетат на сопствените национални интереси и економии“, рече Путин. Путин рече и дека инфлацијата во Европа нагло пораснала. „Во некои земји достигна 20 проценти…

Read More

Митрополитот ловчански Гаврил, архиерејот на Бугарската православна црква, зборуваше за одлуката на Вселенската патријаршија да ја признае МПЦ-ОА за канонска. Според него црквата на Северна Македонија е под српска јурисдикција од 1920-тите, призната од сите православни цркви во светот. – Затоа, според правилата, Српската православна црква имаше право да и додели автокефалност на Црквата на Северна Македонија или тоа право да го даде на Сеправославниот собор, рече бугарскиот архиереј, нагласувајќи дека „Вселенската патријаршија нема повеќе права од која било друга православна црква“. Според порталот „ekklisiaonline.gr“, владиката нагласил дека не знае како ќе реагираат Српската православна црква и другите цркви, но…

Read More

На 11.05.2022 во 12.30 часот во Полициската станица Центар, В.С.(37) од Велика Британија  пријавил дека околу 03.30 часот пред угостителски објект на ул.„Св. Кирил и Методиј” во Скопје, тој и неговите пријатели Д.И., С.Д.Х, И.С.Л. и Л.К. биле физички нападнати од четири лица, исто така, од Велика Британија. При тоа еден од нив со стаклен предмет му нанел повреда на раката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ова е втор сличен инцидент во кој учествувале Британци. На 27.04.2022 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Кеј „13-ти Ноември”, во угостителски објект бил нарушен јавниот ред и…

Read More

Северна Кореја истрела три балистички ракети со краток дострел во морето, тврдат властите во Јужна Кореја и Јапонија. Северна Кореја истрела ракети само неколку часа откако државата објави дека го забележала првиот случај на вирусот Ковид-19 од почетокот на пандемијата. Според AP, лансирањето на ракетата ја покажува решеноста на Северна Кореја да изврши притисок врз САД и Јужна Кореја. Истиот тип на ракета беше истрелан претходно оваа недела, за време на инаугурацијата на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол. Зад Северна Кореја е историја на малтретирање од страна на новите влади во Сеул и Вашингтон, што тие го прават со истрелување проектили.…

Read More

Во текот на вчерашниот ден 46 годишен маж од Скопје бил избоден од свој познаник по претходна расправија кај Порта Македонија. По нанесените повреди од остар предмет мажот бил префрлен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На 11.05.2022 во 15.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај порта „Македонија“ бил нарушен јавниот ред и мир. Во врска со пријавата, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда од остар предмет бил донесен С.К.(45) од Скопје. Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека повредата со остар предмет му ја нанел негов познаник С.Н., по вербална расправија.…

Read More

За предлогот на Макрон за формирање на нова унија која ќе биде супститут на ЕУ за кој Владата кажа дека е одлична идеја, лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски вели дека за ВМРО-ДПМНЕ нема замена за полноправното членство на Македонија во ЕУ. Тој додаде дека вистинското решение според него е Брисел, ЕУ и политичарите таму да се обединат и да ѝ го испорачаат на Македонија тоа што ѝ е ветувано и конечно да добие датум за почеток на преговорите. „Ценам дека тоа не е вистинско решение и дека тоа што ѝ е ветувано на Македонија треба конечно Брисел, ЕУ и…

Read More