Author: НОВА ТВ Terziova

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 30.04 до 02.05.2022): Направени се 4.620 тестови, а регистрирани се 210 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (210), регистрирани се 32 реинфекции. Регистрирани сe 140 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 3 дена (од 30.04 до 02.05.2022), нема пријавено починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин,нема пријавено починати лица.

Read More

Нов ракетен напад е извршен попладнево врз Одеса, соопштија украинските власти. Во градот се слушнала силна експлозија, проследена со облак од чад. Прес-центарот на безбедносните и одбранбени сили соопшти дека руските трупи извршиле напад врз, како што велат, урбаната инфраструктура. Тие рекоа дека е оштетен еден верски објект. Ова е втор напад врз црноморскиот пристаништен град во последните неколку дена. Во саботата украинските власти објавија дека пистата на аеродромот во Одеса била погодена од ракетен напад. https://twitter.com/novayagazeta_eu/status/1521172872571596801?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1521172872571596801%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnovayagazeta.eu%2Farticles%2F2022%2F05%2F02%2Fvlasti-odessy-soobshchili-o-pogibshikh-i-ranenykh-v-rezultate-raketnogo-udara-po-gorodu-news%3Futm_source%3Dtwitter.comutm_medium%3Dsocialutm_campaign%3Dpredsedatel-odesskoy-oblastnoy-administ Локалниот гувернер Максим Марченко изјави дека има загинати и повредени, но не даде дополнителни детали.

Read More

Претседателот на политичката партија “Достоинство” и директор на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на неговиот Фејсбук профил реагираше на церемонијата за свечено откривање на споменикот на УЧК во Слупчане. „За разлика од овој нов споменик на УЧК кој се наоѓа некаде далеку во Липковско, ние, македонските Бранители од 2001-та, имаме достоинствен и репрезентативен споменик во строгиот центар на Скопје, во непосредна близина на македонското Собрание и скопскиот плоштад. Останува уште, на овој наш споменик на Бранителите од 2001-та, да се поклонат и претставници на највисокиот македонски државен и политички врв.Затоа, повикувам да не се крева непотребна меѓуетничка тензија…

Read More

Украинските безбедносни служби тврдат дека руските сили ги преместуваат телата на загинатите војници во Русија под закрила на ноќта, за да ги прикријат загубите. „Телата се враќаат во Русија полураспаднати и треба да се идентификуваат“, соопштија безбедносните служби. Украина тврди дека прислушувала телефонски разговори меѓу руски војници кои разговарале за ова. Во еден разговор, руски војник наводно рекол дека само 20 до 22 војници од неговиот баталјон од околу 200 луѓе преживеале. Уште деветмина одбиле да ја продолжат борбата, тврдат Украинците.

Read More

Војната во Украина доведе до големи зголемувања во сите сектори, а земјоделците во Германија стравуваат за житните култури. Ако продолжи вака, Здружението на фармери во Германија најави дека лебот наскоро би можел да чини и до 10 евра, пишува Fenix ​​Magazine. Томас Боде, пекар од германската сојузна покраина Тирингија, за „Фокус онлајн“ изјави дека неодамна морал да ги зголеми цените на своите производи за околу 20 отсто поради зголемените трошоци. Обично, трошоците за производство, вклучувајќи ги и трошоците за работна сила, го сочинуваат најголемиот дел од цената. Сега, според Боде, тоа веќе е променето. „Трошоците за суровини и енергија сега…

Read More

Професорот и епидемиолог Драган Даниловски смета декa од наесен ќе има благ сезонски пораст на бројките. -Во Јужна Африка се појавија нови варијанти за кои се верува дека се позаразени од сегашниот. Исто така има и во САД. Ако тие две варијанти успеат да станат доминанти во светот, веројатно и кај нас еден ден, порастот на бројките би бил малку поизразен, но ништо страшно нема да се случи. Колективниот имунитет што го имаме сретнато е ненадминлива бариера, вели докторот во изјава за ТВ Сител. Според него ефективниот репродукциски број на заразени со ковид-19 благо расте од 24-ти април. – За очекување…

Read More

Претседателот  на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети од Слупчане, по повод отворањето на спомен-кулата во чест на загинатите од конфликтот во 2001 рече дека овој споменик ги обединува народите од северна Македонија. „ОНА е составен дел од историјата на Северна Македонија. Овој споменик не не дели, овој споменик не обединува. Ослободителната национална армија е дел од нераскинливата историја на оваа земја. Не може да има историја оваа земја без ОВК, не може да има иднина оваа земја без најголемото достигнување, Охридскиот мировен договор како резултат на оваа армија, иднината на оваа земја е Договорот од Преспа, договор кој не…

Read More

Одлуката за плаќање на рускиот гас во рубли беше наменета како мерка против санкциите наметнати на Русија. Ова за бугарската Нова го објасни економистот Даниел Василев. Според него, санкциите биле насочени кон уништување на рубљата, Русија се обидела да ја зголеми побарувачката, со решение кое ќе ја зголеми нејзината вредност. „Тоа може да се случи. Рубљата порасна повеќе отколку пред војната, и покрај конфликтот и санкциите. Во моментов рубљата изгледа стабилна, и покрај невидените санкции. Досега не сме виделе дека Централната банка на земја од Г-20 има замрзнати средства. Сепак, рубљата веројатно нема да остане висока. Веројатно за неколку години…

Read More

Од вторник, 3 мај 2022 година, престануваат да важат сите мерки за контрола и ограничувања за влез на лица во Република Србија, во врска со заразната болест Ковид-19, како за странските, така и за домашните државјани, јави дописникот на МИА од Белград. -Од полноќ, срспките државјани, како и страските државјани, при влез во Србија нема да бидат обврзани да имаат негативен ПЦР тест, брз антигенски тест, доказ за прележано заболување или потврда за вакцинација, без разлика од која земја доаѓаат во Република Србија, се наведува во соопштението на српската влада. Одлуката за слободен влез на српски и странски државјани во…

Read More

Во Загреб веќе два месеца владее епидемија на хепатитис А или заразна жолтица, а најголем број заболени се средношколци, објави Јутарњи лист. „Од почетокот на март забележавме 57 случаи на заболени од хепатитис А, најмногу кај средношколци. Идентификуван е вирусот на хепатитис А, што се пренесува по феко-орален пат, односно со внесување на загадена вода или храна во столицата на заразено лице или во раце контаминирани со столицата на заразено лице”, изјави Бранко Колариќ. директор на Институтот Д-р. Андрија Штампар во Загреб. Болеста е регистрирана кај ученици од три училишта, но и нивните домашни контакти. „Но, епидемијата е целосно под…

Read More

Министрите за енергетика на Европската унија денеска се состануваат за да разговараат за енергетските испораки. Ова доаѓа неколку дена откако Русија го прекина гасот за Бугарија и Полска, а најмалку две други земји (Чешка и Финска) објавија дека нема да плаќаат според шемата гас за рубља. Голем број земји побараа од Европската комисија дополнително правно појаснување за тоа дали купувањето гас за рубли ги прекршува финансиските и паричните санкции против Русија. За Бугарија и Полска, се чини дека тоа повеќе не е важно, бидејќи двете страни најавија дека ја отфрлат едностраната промена на „Гаспром“ и ќе се префрлат на алтернативни…

Read More

Владата на Република Македонија упати честитка до исламските верници по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. -Рамазан Бајрам е празник на обновата на духовната сила што ја зајакнува вербата на луѓето во доброто, вистината, правдата и поттикнува желба за меѓусебна почит, разбирање, солидарност. Во овие услови, Рамазан Бајрам повикува да се соочиме со предизвиците и врз начелата на почитување и солидарност да продолжиме заедно по патот што го избравме, здружено и единствени. Нека биде благословен и честит празникот Рамазан Бајрам, се наведува во честитката од Владата.

Read More