Украинските безбедносни служби тврдат дека руските сили ги преместуваат телата на загинатите војници во Русија под закрила на ноќта, за да ги прикријат загубите.

„Телата се враќаат во Русија полураспаднати и треба да се идентификуваат“, соопштија безбедносните служби. Украина тврди дека прислушувала телефонски разговори меѓу руски војници кои разговарале за ова.

Во еден разговор, руски војник наводно рекол дека само 20 до 22 војници од неговиот баталјон од околу 200 луѓе преживеале. Уште деветмина одбиле да ја продолжат борбата, тврдат Украинците.