Author: Marija Todorovska
Со јасна болка се сеќаваме на тивкиот товар во очите на едно мало украинско момче. Како новопристигнат бегалец, за првпат влезе во Гејминг центарот во Скопје и со рацете ги стегаше ракавите, двоумејќи се на прагот. Кога нежно го поканивме да им се придружи на другите деца во играта, прошепоти: „Но јас сум Украинец, не сум од тука,“ како да е таа едноставна вистина доволна причина да му биде ускратено правото на радост. Во неговиот тивок глас се слушаше ехото на исклучувањето – безгласниот збир од безброј моменти кога му било речено „не.“
„Хаотична” е насловот на македонската кавер верзија на глобалниот хит „Messy” кој го испеа британката Лола Јанг.
Унгарската полиција денеска ја забрани планираната Парада на гордоста во Будимпешта на 28 јуни, и покрај тоа што градоначалникот изјави дека парадата не е јавен настан, за кој не се потребни државни дозволи.
Без завршница денеска остана 65. седница на Советот на Општина Кочани, откако најпрвин беше побарана пауза, а потоа поради инцидент меѓу советниците, претседателот Лазо Митев информираше дека го прекинува понатамошното разгледување на точките од дневниот ред.
Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје ја започна кампањата „Едукацијата менува, казната крши“, како дел од глобалното движење „Support. Don’t Punish“. Главната цел на оваа иницијатива е да се нагласи неопходноста од итни реформи во актуелните политики за дроги во Северна Македонија, особено по неодамнешните измени на Законот за прекршоци против јавен ред и мир.
Владата денеска го усвои Предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година. Вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а капиталните расходи се планирани во висина од 47,5 милијарди денари. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата се очекува понатаму да се стабилизира и е проектирана на ниво од 2,8 проценти.
Беживотно тело попладнево околу 14 часот е пронајдено во водите на Охридското Езеро, пред плажа на Градскиот кеј во Охрид.
Родителите на починатите лица во клубот „Пулс“ во Кочани денеска имаат средба со обвинителите од Основното јавно обвинителство, откако на саботниот „Марш за ангелите“побараа појаснување за поднесениот обвинителен акт во врска со трагедијата.
Генерацијата Z (младите родени од 1996 – 2012 година) сака поголема флексибилност во однос на работното време и обврските, а и поинаку го разбира светот. Таа ќе ја креира иднината и поради тоа државите треба да се прилагодат на нејзините потреби, беше речено на денешниот форум што го организира СТАР иницијативата.
Нотарската комора бара зголемување на дел од нотарските тарифи, кои како што посочуваат не се зголемени повеќе од 25 години.
Претседателот на Ракометната федерација на Словенија, Бор Розман, најави дека неговата земја заедно со Македонија и со Србија се во преговори за поднесување заедничка кандидатура за организирање на Европското првенство во 2034 година.
Македонската клупска одбојка како никогаш досега ќе биде застапена на европска сцена следната сезона, откако дури пет клуба аплицираа за настап во ЦЕВ Европските клупски купови.
