Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Генерацијата Z на пазарот на трудот: поголема флексибилност, вештачка интелигенција, често менување работни места

0
By Marija Todorovska on June 19, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 19, 2025 14:25

Генерацијата Z (младите родени од 1996 – 2012 година) сака поголема флексибилност во однос на работното време и обврските, а и поинаку го разбира светот. Таа ќе ја креира иднината и поради тоа државите треба да се прилагодат на нејзините потреби, беше речено на денешниот форум што го организира СТАР иницијативата.

Оваа категорија млади луѓе има тенденција на брзо менување на работните места што, според експерите, не е ништо ново во западните земји и порано се случувало во просек на секои пет години, за разлика од Македонија каде апсолутно никогаш не било случај. Сега, фреквенцијата на менување на работните места е дури и забрзана, веројатно поради експериментирање и потрага по нешто поразлично и подобро.

Светот е денес отворен и младите имаат многу можности. Тоа, оценија учесниците на форумот, мора да го сфатиме. Треба да вложуваме во развој на технологија, порачаа, и индустријализацијата да биде на многу повисоко ниво.

Денес технологијата и вештачката интелигенција се и тоа како во подем поради што, глобално, ќе дојде до преструктирање на сите работни места. Македонија ќе биде исто така зафатена со овој тренд. Младите сакаат да се прилагодат на новото време, а ние сме тие што треба да им излеземе во пресрет преку креирање соодветни мерки прилагодени за нив, изјави Ивона Крстевска, регионален ексерт во СТАР иницијативата.

Според Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР), генерацијата Z е иднината на работната сила.

Ние како експерти за човечки ресурси овие млади луѓе ќе треба да ги регрутираме и во иднина да ги оспособиме и да ги ставиме на вистинските позиции во организациите. Ваквите настани се добри за надминување на табуата, но и на одредени јазови во однос на очекувањата на различните генерации. Само преку слушање на едни со други би можеле да разбереме што е она што генерацијата Z го очекува во следните години на работните места и како ние треба да ги трансформираме нашите организации за да можеме да ги постигнеме нивните очекувања, истакна Ѓоко Вукановски од МАЧР.

Тој смета дека честото менување на работните места што е типично за генерацијата Z, е сосема нормално.

Тоа креира компетитивност во работата, кој ќе подобри подобра работна околина или подобра плата за да ги задржи младите или на подолг рок или за да ги преземе од други компании. Светот е денес отворен и младите имаат многу можности, ние порано чекавме визи за да излеземе од државата. Сега има и евтини авионски карти, по 15 евра, па ништо не е пречка да си заминете кога ќе ви текне. Сменети се можностите и ние мора да го сфатиме тој момент, подвлече Вукановски.

На форумот насловен „Предизвици или можности: Генерацијата З на пазарот на трудот?“ се дискутира на прашањата: како ќе изгледаат работата и кариерите за генерацијата Z во иднина, кои вештини ќе бидат најважни, каква улога можат да имаат владите, образовните системи, граѓанското општество и приватниот сектор во поддршката на оваа генерација, како и како можеме да создадеме работни средини кои поттикнуваат иновации, раст и задоволство.

Вештачка интелигенција Генерација Z Пазар на труд Работни места
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.