Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Здружението ХОПС започна кампања „Едукацијата менува, казната крши“: традиционалната „војна против дрогите“ со огромни штети

0
By Marija Todorovska on June 19, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 19, 2025 15:56

Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје ја започна кампањата „Едукацијата менува, казната крши“, како дел од глобалното движење „Support. Don’t Punish“. Главната цел на оваа иницијатива е да се нагласи неопходноста од итни реформи во актуелните политики за дроги во Северна Македонија, особено по неодамнешните измени на Законот за прекршоци против јавен ред и мир.

Традиционалните политики на „војна против дрогите“ од минатиот век донесоа огромни штети, криминализирајќи ги луѓето кои употребуваат дроги и туркајќи ги на маргините на општеството. Ова резултираше со ускратување на основните човекови права, вклучувајќи пристап до здравствена грижа и третман, велат од здружението.

Како одговор на овие репресивни политики, во 2013 година започна глобалното движење „Support, don’t punish“ („Поддржи, не казнувај“). Оваа иницијатива се залага за политики кои се фокусираат на јавното здравје и човековите права, наместо на прогон и репресија. Целта е да се подигне свеста, да се зајакнат заедниците погодени од овие политики и да се отвори дијалог со креаторите на политиките.

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, повеќе од една деценија е активен дел од оваа глобална кампања.

Нашата цел е да го пренасочиме фокусот од казнувањето кон неопходната поддршка и почитување на правата на луѓето кои употребуваат дроги, велат од ХОПС.

Неодамна, Собранието ги усвои измените на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, со кои се воведе парична казна од 100 до 250 евра за поседување наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори за лична употреба. Иако предлагачите тврдат дека ова ќе овозможи санкционирање и одвраќање на рецидивистите, ХОПС смета дека овие причини не соодветствуваат со праксата.

Настанот „Едукацијата менува, казната крши“ ќе се одржи на 20 јуни од 20:00 часот во 1020 Kitchen & Bar Лептокарија, организаторите најавуваат разговор, музика од BB14 x BV14, и live art перформанс на mr. Poked.

Support. Don’t Punish дрога ХОПС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.