Author: Marija Todorovska
Вашингтон: Ракета на СпејсИкс (SpaceX) експлодираше во Тексас за време на тестот синоќа, испраќајќи огнена топка високо во небото, но немаше повредени, соопшти компанијата во сопственост на милијардерот Илон Маск.
Израелското Министерство за надворешни работи објави дека иранска балистичка ракета ја погоди болницата Сорока во Бершеба.
Руските напади, во текот на вчерашниот ден и денеска, врз Херсонската област повредија девет лица и оштетија станбена инфраструктура, соопштија локалните власти.
Повеќе од две години траеше политички мотивираниот судски процес, против претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, новинар и бранител на човековите права, Џабир Дерала, покренат од Христијан Мицкоски – тогашен лидер на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, сега премиер на Република Северна Македонија, а кој го водеше неговиот близок соработник и денешен министер за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тие поднесоа тужба за клевета против нашиот колега и тоа за текст преземен од други медиуми. Овој судски процес конечно ја дочека својата завршница откако Апелациониот суд ја потврди пресудата на Основниот граѓански суд во Скопје во корист на тужителот.
Израелската армија соопшти дека Техеран повторно е под напад и оти се напаѓаат воени цели на подрачјето на главниот град на Иран.
Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!
Палестинската Цивилна одбрана во Појасот Газа соопшти дека 30 луѓе загинале во израелските напади, а повеќе од сто се повредени.
Собранието денеска одобри прераспределба на средства меѓу буџетските корисници со кои се обезбедуваат два милиони денари за изработка на идејно решение и почнување активности за изградба на спомен обележје за починатите во пожарот во Кочани, 600 милиони денари за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините и 242,3 милиони денари за исплата кон заштитни друштва по основ на поврат на платени придонеси.
Апелацискиот суд во Нови Сад го укина притворот на уште петмина осомничени во случајот со падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град, кога загинаа 16 лица. Тие беа осудени на домашен притвор од три месеци.
Човекот кој поседува 2 (два) рачни часовници од неименувана луксузна марка во вредност од 52.000 евра, кој лета со бизнис класа поради болки во колената, а се шета по дебели теписи, меѓу барокен мебел и луксузни лустери во седиштето на партијата проценето дека вреди 14 милиони евра, нè убедува дека поудобни му билe гајбата пред кооперација и уличниот макадам од килимот по хотели и канцелариите.
Обвинението против Александар Ѓорчевски е во целост неосновано, неаргументирано, паушално и засновано на претпоставки кои не наоѓаат своја поткрепа во доказите на обвинителството. Одбраната докажа дека токму неосновано обвинетиот Александар како татко на детето Вања е жртва и оштетен во оваа постапка заедно со мајката Зорица и неговото семејство и докажа дека тој во критичниот период постапил на начин на кој би постапил секој родител во ситуација кога се трага и бара неговото исчезнато дете, порача во завршен збор бранителот на таткото на Вања, адвокатот Владимир Туфегчиќ, и побара Судот да го ослободи од обвинение.
Бранителот на обвинетиот Влатко Кешишев, адвокат Игор Ефремов, денеска во Основен кривичен суд Скопје побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, со образложение дека тој не само што не учествувал, туку ниту знаел, ниту имал намера тоа да се случи. Евентуална вина, како што посочи, може да сноси само за грабнувањето на Вања.
