Author: Marija Todorovska
Марјан Илиевски утре ќе биде промовиран во нов селектор на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија.
Неофицијални извори велат дека ДУИ ќе има кандидати во Тетово, Чаир и Кичево, крилото на Таравари во Гостивар, Врапчиште и Сарај, додека крилото на Села засега во Струга и Арачиново. Сепак, договорот не е затворен. На маса ќе се разгледуваат и други комбинации за поделба на останатите општини.
Бошњачкиот демократски сојуз поднесе жалба во Основното јавно обвинителство по отфрлената кривична пријава против вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, во врска со неговата изјава дека геноцидот во Сребреница е „некрофилски дизниленд“.
Парадата на гордоста ќе се одржи во Скопје на 21 јуни. Појдовна точка ќе биде паркот „Жена-борец“ каде во 18 часот ќе започне собирањето на учесниците, а во 19 часот по кратките поздравни говори ќе започне протестниот марш по скопските улици.
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија ќе биде осветлено во црвена и жолта боја, боите на македонското знаме, од вечер во 20:00 часот, до вторник наутро во 6:00 часот, по локално време, во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани.
Македонскиот пијанист Дино Имери одржа концерт во Виена. На сцената на престижниот „Бехштајн Центрум“, Имери за првпат настапи пред виенската публика, изведувајќи го „Голдберг варијации“ од Јохан Себастијан Бах. Концертот беше проследен од бројни љубители на музиката, меѓу кои и истакнати уметници и музички професионалци.
Лондон: Британската разузнавачка служба МИ6 ќе биде раководена од жена за прв пат во 116-годишната историја, откако на нејзино чело е поставена Блејз Метревели.
Американскиот претседател Доналд Трамп повика на масовна акција за апсење и протерување на недокументирани мигранти, оценувајќи ја како „најголемата програма за масовна депортација во историјата“.
Иран го погуби Есмаил Фекри, осуден шпион кој беше прогласен за виновен за соработка со израелската разузнавачка агенција Мосад и обид за пренесување класифицирани информации во замена за пари. Погубувањето се случи во понеделник наутро по конечното одобрување на смртната казна од страна на Врховниот суд, објавува Tehran Times.
Украина наводно лансирала беспилотни летала во рускиот регион Татарстан, при што загинал еден, а 13 биле повредени, објави гувернерот Рустам Миниханов на 15 јуни, пишува Кијив Индипендент, пренесува ЦивилМедиа.
Кипарскиот весник „Филелефтерос“ пишува дека на островот се наоѓаат илјадници израелски граѓани поради воената ескалација меѓу Израел и Иран, а високата пополнетост на хотелите предизвикува загриженост во однос на можноста за нивно сместување.
