Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО ја отфрли кривичната против Стоилковиќ поради неговата изјава дека геноцидот во Сребреница е „некрофилски дизниленд“, БДС поднесе жалба

0
By Marija Todorovska on June 16, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 16, 2025 13:37

Бошњачкиот демократски сојуз поднесе жалба во Основното јавно обвинителство по отфрлената кривична пријава против вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, во врска со неговата изјава дека геноцидот во Сребреница е „некрофилски дизниленд“.

Како што посочи денеска директорот на БДС, Фарук Хасиќ, по 14 месеци Обвинителството ја отфрлило кривичната пријава поднесена од страна на БДС и Бошњачкиот национален совет, а делото било преквалификувано во „Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на информатички систем“, со образложение дека тоа не се гони по службена должност. Според Хасиќ, изјавата на Стоилковиќ дека геноцидот во Сребреница е „некрофилски дизниленд“ не е политичко мислење, туку нечовечна и криминална навреда кон жртвите и нивните семејства.

Стоилковиќ во контекст на донесувањето на резолуцијата за Сребреница во Обединетите нации јавно изјави дека геноцидот во Сребреница е „некрофилски дизниленд“. Тоа не е политичко мислење, тоа е болна нечовечна и криминална навреда кон жртвите и нивните семејства. Што направи Јавното обвинителство, 14 месеци молк, ниту еден одговор, ниту еден знак дека оваа пријава е разгледана сериозно и по тие 14 месеци, пријавата не само што беше отфрлена, туку делото беше непринципиелно преквалификано во „Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на информатички систем“, со образложение дека тоа не се гони по службена должност. Срамно и понижувачки за правниот поредок на нашата држава, рече Хасиќ.

Според него, во обид да се оправда Стоилковиќ пред граѓаните, минатата година пречекал делегација од 11 наставници Бошњаци вработени во образовните институции и изјавил дека во неговата партија членувале и Бошњаци. Хасиќ го повика министерот со име и презиме јавно да ги наведе членовите на партијата.

Стоилковиќ во обид да се спаси се правда дека станува збор за политички напад и дека по повод на Денот на Бошњаците минатата година пречекал делегација од 11 наставници Бошњаци кои се вработени во образовните институции на нашата држава. Дали треба да му аплаудираме за тоа што дошол на работа и ги извршил службените обврски? Напротив, тој ја злоупотребил нивната присутност за евтина политичка проппаганда. Понатаму, изјавува дека во неговата партија има Бошњаци. Го повикуваме јавно – со име и презиме да ги наведе тие луѓе. Ако навистина постојат. Ако не – нека престане да манипулира со идентитетите на цели заедници, рече Хасиќ.

денот на бошњаците жалба некрофилски дизниленд ОЈО Сребреница Фарук Хасиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.