Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Без забава, со отпор ќе се одржи шестата парада на гордоста – „Ќе (оп) стоиме заедно!“

0
By Marija Todorovska on June 16, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Фејсбук профил Skopje Pride
Фото: Фејсбук профил Skopje Pride
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 16, 2025 13:30

Парадата на гордоста ќе се одржи во Скопје на 21 јуни. Појдовна точка ќе биде паркот „Жена-борец“ каде во 18 часот ќе започне собирањето на учесниците, а во 19 часот по кратките поздравни говори ќе започне протестниот марш по скопските улици.

Организаторите велат дека маршот на Скопје Прајд добива нова рута – симболично и буквално.

Ова не е прослава – ова е протест. Нема јавна програма, нема забава – само отпор, беше соопштено на прес конференција за шестата по ред Парада на гордоста/Скопје Прајд.
Овогодинешното мото е „Ќе (оп) стоиме заедно!“.
Овој слоган не е случаен. Тој го носи нашето искуство на преживување, но и нашата одлучност – не само да опстоиме, туку да опстоиме заедно. Во време на политички притисоци, говор на омраза, институционално молчење и глобални неправди, нашиот одговор е заедништво, солидарност и радикална грижа, вели Лила Милиќ, активистка за правата на трансродовите луѓе.
Активистката исткна дека протестот не е поради традиција туку потреба. Според Милиќ ЛГБТИК+ луѓе и понатаму се третираат како невидливи, несигурни и незаштитени, а транс лицата сè уште чекаат правно признавање на родот.
Затоа што образованието се чисти од секакво споменување на нашите животи. Затоа што сакаме да живееме во општество во кое телата, љубовта и идентитетите нема да се сметаат за закана. Скопје Прајд 2025 не е само настан – тоа е движење. И секој што ќе застане со нас, придонесува за промена, истакна активистката Лила Милиќ.
Стефан Петровски, активист, најави дека пред Министерството за образование ќе испратат јасна порака – животите на квир учениците вредат.
Во изминатите месеци, видовме како образовниот систем го брише секое спомнување на нашите идентитети, нашите приказни, нашето постоење. Зголеменото насилство, омразата и исмевањето во училиштата не се случајни – тие се последица на институционален срам и молк. Наместо заштита, образовните политики нудат невидливост. Наместо грижа – негирање, вели активистот Петровски.

Тој вели дека пред Владата ќе се испратат следниве пораки:

– Доста е од молк за Кочани
– Доста е од игнорирање на Законот за правно признавање на род
– Доста е од воздржаност пред геноцид
Организаторите на Скопје прајд сметаат дека оваа година на парадата нема простор за забава туку многу причини за протест.
Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, напомена дека секоја година во периодот на одржување на парадата се соочуваат со говор на омраза кој го следат заедно со МВР.
Секоја година Министерството за внатрешни работи покажува високо ниво на професионалност во обезбедувањето на учесниците на Прајдот, полициските службеници успеваат да не предизвикаат страв и тензија кај учесниците, рече извршната директорка на комитетот.
Пировска ги повика ЛГБТИК+ луѓето, сојузниците, пријателите, колегите, избраните и биолошките семејства да излезат на 21 јуни.
Да покажеме дека сме многубројни, дека не се плашиме, и дека стоиме рамо до рамо за општество засновано на еднаквост, слобода и почит, апелира таа.
говор на омраза ЛГБТ Парада на гордоста Трансородови лица ќе опстоиме заедно
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.