Author: Marija Todorovska
Во интервју за Нова тв, претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, вели дека неговата порака за сите пратеници е „мандатот не е лична привилегија, туку јавна одговорност“.
Загреб: Во Хрватска задолжителната основна воена обука во траење од два месеца ќе започне во јануари 2026 година, а регрутите ќе добиваат по 1.100 евра месечно, соопшти хрватската новинска агенција ХИНА.
Во Собранието на Република Северна Македонија во процедура на разгледување е ставен предлог закон за прогласување на просторот околу Собранието за безбедносна зона. Предлог законот е поднесен по скратена постапка.
Надзорната расправа ќе покаже, кој политички фактор од актуелната власт затаил, не си ја извршил својата обврска или не покренал соодветна постапка за спречување на трагедијата. Врз основа на аргументите изнесени на надзорната расправа, Собранието ќе утврди политичка одговорност. Политичката одговорност подразбира оставка или разрешување на носители на јавни функции.
Звонко Тасевски со Одлука на Собранието на ВМРО и ВЛЕН е избран за член на Републичкиот совет за безбедност на 12.11.2024 година. Звонко обучува полицајци од МВР, каде треба да пријавам закани. Звонко напаѓа, навредува и девалвира жени по нарачка. Не биди Звонко!, вели градоначалничката Данела Арсовска во соопштение испратено од Град Скопје.
Советот за оцена на обвинител акт при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое приговорот на одбраната за случајот „Онкологија” се одбива, а актот се одобрува.
Апсолутно немаме никаков страв од избори и целосно сме убедени за исходот по изборите.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека на шест месеци го суспендира влезот на странски студенти на Харвард, повикувајќи се на националната безбедност и оценувајќи дека дозволувањето такво запишување е „штетно за интересите на САД“.
Атина: Новинарите во Грција во 5 часот утрово започнаа 24-часовен штрајк преку кој бараат потпишување колективни договори и пристојни плати, а земјата денеска ќе биде без вести и информативни емисии.
Најмалку 17 лица се повредени во напад што Русите го извршиле ноќеска врз источниот украински град Харков, соопштија утрово локалните власти.
Пет лица загинаа, а шестмина се ранети во руски напад со дронови врз градот Прилуки во северна Украина.
