Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Надзорна расправа за трагедијата во Кочани МОРА да има!

0
By Marija Todorovska on June 5, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 5, 2025 13:13

Надзорната расправа ќе покаже, кој политички фактор од актуелната власт затаил, не си ја извршил својата обврска или не покренал соодветна постапка за спречување на трагедијата. Врз основа на аргументите изнесени на  надзорната расправа, Собранието ќе утврди политичка одговорност. Политичката одговорност подразбира оставка или разрешување на носители на јавни функции.

Тито Петковски

Дел од јавноста, со право се прашува, зошто владејачкото мнозинство бега од надзорна расправа за најголемата трагедија во поновата македонска историја?

Доколку се согласиме дека македонското Собрание е централна  демократска институција на нашиот  политички систем, тогаш дилеми не би требало да има. Тоа е вистинското место, каде на отворена сцена се водат политички битки по сите прашања од интерес на граѓаните, државата и општеството.

Како на поранешен пратеник, совршено ми е јасно зошто власта бега од дебата, но не постои релевантен аргумент со кој тој став може да се одбрани. Едноставно, власта е свесна дека е одговорна за трагедијата, но не сака тоа јавно да го признае. Не може да се сокрие дека трагедијата се случи за време на нивно владеење. И ако, за кривична одговорност може да посочи одговорни луѓе од некои претходно власти, моралната и политичка одговорност, не може да ја префрли на претходната власт.

Нашиот Устав јасно ги разграничува надлежностите на законодавната, извршната и судската власт. Судската власт си ја врши својата работа, но законодавната и извршната, со прст не мрднуваат, што би рекол нашиот народ,односно се однесуваат крајно неодговорно.

На власта и е јасно дека Собранието и Владата не се надлежни да ја супституираат судската власт, но се надлежни за утврдување на политичка одговорност на носители на јавни функции. Свесни се дека, за трагедија од вакви размери, политичката одговорност едноставно неможе да се избегне. Тоа е клучната болка на Владата.

Владата е избрана, покрај другото да ја штити и (заштити) безбедноста на граѓаните, нивните животи и материјалните добра. Одговорна влада, мора да оди во пресрет на сите можни закани по безбедноста на граѓаните и државата, да ги превенира и елиминира. Во случајот на Кочани, нашата Влада тоа не го направи и за тоа е одговорна.

Надзорната расправа ќе покаже, кој политички фактор од актуелната власт затаил, не си ја извршил својата обврска или не покренал соодветна постапка за спречување на трагедијата. Врз основа на аргументите изнесени на  надзорната расправа, Собранието ќе утврди политичка одговорност. Политичката одговорност подразбира оставка или разрешување на носители на јавни функции.

Мантрата “да ги оставиме институциите да си ја завршат работата”, може да важи само за судската власт, која утврдува кривична одговорност. Не одговорно е, политичка одговорност да се бара по завршување на кривичната постапка. И кога се говори за”институции”, мора да се има во вид дека и Владата и Собранието се институции.

Од Фејсбук ѕидот на авторот 

Кочани надзорна расправа Тито ПЕтковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

ВЕСТИ June 22, 2026

Преговорите на високо ниво меѓу САД и Иран, кои се одржуваат во Швајцарија, треба да…

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.