Author: Marija Todorovska

Ресен:  Амбасадорот на Европската унија во земјава Михалос Рокас, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан и градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, Светскиот ден на животната средина ќе го одбележат со започнување на работи финансирани од ЕУ во висина од 7 милиони евра, за мрежи за собирање отпадни води и постројки за нивен третман во селата во Претор, Стење, Крани, Долно Дупени, Брајчино и Сливница.

Read More

Сегашниот модел ги фаворизира 4 најголеми партии давајќи им и повеќе средства, и аналитички центар што значи од старт борбата е нерамноправна. Воедно многу гласови дури од 20.000-40.000 се одлеваат и исто толку граѓани не се претставени во Парламентот. Сметам дека ни е неопходно промена за да имаме фер и рамноправна борба во изборниот процес.

Read More

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, во интервју за порталот Нова тв, вели дека мнозинството е стабилно и функционално и сме во ситуација што бара предвремени парламентарни избори.

Read More

Денес, Европската комисија заклучи дека Бугарија е подготвена да го воведе еврото од 1 јануари 2026 година – клучен момент што би ја направил дваесет и првата земја-членка што ќе се приклучи на еврозоната. Оваа проценка е наведена во Извештајот за конвергенција за 2025 година, подготвен на барање на бугарските власти, означува критичен и историски чекор на патот на Бугарија кон усвојување на еврото.

Read More

„Можеби јас не сум објективен – нека излезе премиерот на улица, нека им каже на луѓето дека сме четврта економија во Европа, па да видиме како ќе реагираат“, вели тој.

Read More

Митрополитот Петар ги нарече наркомани, пијаници и арамии, верниците кои деновиве бараа епскопот Партениј да биде дел од процесот на избор на нов митрополит во Охрид, објави Религија.мк.

Read More

Денес е 4 јуни, ден на сеќавање на децата кои станаа жртви на рускиот терор, објави Министерството за внатрешни работи на Украина и наведе податоци според кои, од почетокот на целосната руска воена инвазија врз Украина, како резултат на руските воени злосторства, 631 дете загинало, а уште 1971 се повредени.

Read More

Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, не го прифати предлогот на Димитар Апасиев, дневниот ред на денешната седница да се дополни со надзорна расправа за трагедијата во Кочани. Причина за неприфаќање на овој предлог, како што посочи пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, е тоа што веќе е во тек иницијатива за расправа за трагедијата во Кочани што е поднесена до Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, но се чека да заврши истрагата и да биде објавен обвинителниот акт па потоа да се расправа на темата во Собрание.

Read More

Една изборна единица и отворени листи е предлог кој ЦИВИЛ го актуелизираше повторно во 2016 година, но досега, сеуште не се направи измената во начинот на спроведување на изборните процеси во нашата земјата со цел демократизација на изборните процеси. Во неколку наврати низ годините, ЦИВИЛ постојано алармираше за потребите од една изборна единица и изборни реформи, со што конечно ќе се обезбедат слободни и демократски изборни процеси, без вообичаените изборни нерегуларности што беа пракса на секои избори.

Read More