Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбиена иницијативата на Апасиев за расправа за трагедијата во Кочани

0
By Marija Todorovska on June 4, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 4, 2025 15:20

Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, не го прифати предлогот на Димитар Апасиев, дневниот ред на денешната седница да се дополни со надзорна расправа за трагедијата во Кочани. Причина за неприфаќање на овој предлог, како што посочи пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, е тоа што веќе е во тек иницијатива за расправа за трагедијата во Кочани што е поднесена до Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, но се чека да заврши истрагата и да биде објавен обвинителниот акт па потоа да се расправа на темата во Собрание.

Предлог беше одбиен со девет гласа „против“ и три гласа „за“.

Таа нагласи дека никој нема против да се разгледува оваа трагедија во Собранието, но смета дека е хумано и правно да се заврши со истрагата официјално, да се види обвинителниот акт, па потоа, како што рече, да имаме навистина за што тука како пратеници и народни избраници да расправаме на темата трагедијата во Кочани.

Да се разјасниме по однос на оваа поднесена иницијатива на пратеникот Апасиев, до претседателот на анкетната комисија Апасиев, дека во тек е веќе една иницијатива, која што е поднесена до Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, која што, исто така, се однесува за трагедијата во Кочани и нема потреба да правиме паралели. Нема потреба од дуализам во ова собрание. Веќе е во тек, се собираат списоци за да се поканат гости, но мора да нагласам, а и целата македонска јавност знае, дека истрагата се уште не е завршена, да почекаме да биде формиран тој обвинителен акт, па потоа како пратеници да расправа на тема трагедијата во Кочани, изјави Стојаноска.

Претседателот на Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Апасиев, на почетокот на денешната седница, на чиј дневен ред е само една точка – Годишниот извештај на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2024, побара тој да се дополни со уште една точка за надзорна расправа за трагедијата во Кочани, порачувајќи дека „не можеме како ноеви со главата во песок да се втурнуваме, затоа што ова е трагедија од европски, па и светски размери и мислам дека несериозно е од нас како институција ова да помине без, макар и надзорна расправа во Постојаната анкетна комисија“.

Како Собрание сметам дека останавме должни на граѓаните на Кочани, бидејќи не одржавме никаква седница, ниту комеморативна, не одржавме ниту специјална анкетна комисија, ниту надзорна расправа … и од тука, останува уште ова средство, а тоа е иницијатива по член на матично тело, би дошле до конечно расправа, изјави Апасиев.

Покрај правната процедура, Апасиев нагласи, дека се должни дадат и политичка квалификација на настаните, односно да се види кој во изминатите години, не само од сегашната, туку и од минатата власт грешел.

Апасиев Кочани расправа Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.