Author: Marija Todorovska

Аерозагадувањето не е само тивок проблем, туку убива масовно и ако не бидат преземени решителни чекори сега, Македонија ќе продолжи да плаќа и во човечки животи и економски во загуба на БДП. Искуствата од други држави покажуваат дека со соодветна политика може да бидат постигнати резултати во период од три до пет години, а проблемот може да биде комплетно решен ва седум години, порачаа невладините организации кои учествуваат на надзорната расправа на собраниската Комисија за здравство за ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје.

Read More

Собранието денеска ја констатира оставката на министерот за здравство Арбен Таравари. Констатирани се и оставките на замениците министри во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Фљакрон Беџети и Министерството за одбрана Елфет Исмаили.

Read More

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во изјава за медиумите не го откри името на кандидатот што ќе го предложи за иден гувернер. Таа рече дека веќе знае кој ќе биде предлогот за иден гувернер на Народната банка.

Read More

Преговарачите на Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за регулативата за постепено воведување на Електронски системот за влез/излез (ЕЕС). Овој систем, кој ќе го замени досегашното рачно печатирање во пасошите, ќе се применува и за македонските граѓани при преминување на границите на ЕУ.

Read More

Студенти и граѓанит кои го блокираа влезот во зградата на Вишиот суд во Нови Сад во претходните пет дена, привремено ја отстранија утрово блокадата за да може судот да донесе одлука по жалбата за продолжување на притворот на активисти и студенти кои се лишени од слобода повеќе од два месеци поради наводен обид за уривање на уставниот поредок.

Read More

Атина: Кон крајот на јуни се очекува одново да биде воведена бродската линија од Солун до Спорадите, односно до островите Скијатос, Скопелос и Алонисос што ќе функционира во текот на летниот период, јави дописничката на МИА од Атина.

Read More

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на место „Крива река“, бил пронајден починат М.А. (19), матурант во едно од струмичките средни училишта.

Read More

Силен, квалитетен образовен систем бара стабилност, визија и професионализам, а не експериментирање и политички маркетинг. Владеачкото мнозинство креира образовен систем согласно идеолошката определба, партиските потреби и акцентот го става само на потребите на пазарот на трудот, не водејќи никаква грижа за развојот на личноста на младите луѓе.

Read More

Неправилно спроведена постапка за избор при која Судскиот совет не ги разгледал сите кандидати подеднакво и не ги почитувал критериумите од Законот за судски совет е причината поради која Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Елизабета Дуковска за судија на Уставниот суд.

Read More

Растот на македонскиот БДП се предвидува постепено да забрзува во 2025 година, поддржан од големите јавни инфраструктурни проекти и зголемената потрошувачка на домаќинствата, како резултат на силниот раст на платите и намалувањето на инфлацијата, се наведува во Економската прогноза „Пролет 2025“ на Европската комисија во делот посветен на земјава.

Read More

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изрази сериозна загриженост за недостатокот на транспарентност и информации поврзани со содржината на договорите за нов креедит од 6 милијарди евра кој го зема Владата. Тој посочи дека, според изјавите на премиерот и вицепремиерот, станува збор за два договори: „еден во делот на стратешка соработка, и еден договор на заем“ со Обединетото Кралство. Филипче потенцираше дека целата постапка се одвива без доволна информираност на јавноста и институциите: „Сметам дека јавноста, за жал, а ниту политичките субјекти, дали во парламентот или генерално во земјата, за ваков сериозен договор за заем, немаат доволно детали“.

Read More