Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Дуковска за уставен судија, Судски Совет неправилно гласал

0
By Marija Todorovska on May 19, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 19, 2025 15:11

Неправилно спроведена постапка за избор при која Судскиот совет не ги разгледал сите кандидати подеднакво и не ги почитувал критериумите од Законот за судски совет е причината поради која Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Елизабета Дуковска за судија на Уставниот суд.

Според пресудата, во конкретниот случај, Судскиот совет донел одлука за избор на судија на Уставниот суд без целосно разгледување на сите предложени кандидати. Поради недостиг на материјали и податоци за кандидатите, членовите на Советот не можеле да направат темелна анализа на нивната стручност и придонес во правната теорија. Иако Законот за судски совет бара исполнување на конкретни критериуми за избор, тие не биле формално проверени пред гласањето.

Судот наоѓа дека со ваквиот начин на гласање на членовите на Советот, односно со не гласање по останатите два предлози оневозможена е еднаква примена на правилата на постапката за сите кандидати, со оглед дека само еден кандидат добил можност за реална подршка преку гласање, а на другите два кандидати им е ускратена можност да имаат ист третман и еднакви можности при изборот иако претходно сите три кандидати биле подржани од членовите на Советот, што влијае врз законитоста и транспарентноста на постапката со оглед дека предлог избор не е донесен врз основа на целосно разгледување и гласање по сите предлози, туку по хронолошки редослед на изнесените предлози, поточно само по првиот предлог, со што е повредено не само начело на еднаквост туку и начело на мерит системот со оглед дека се оневозможува реална и објективна споредба на квалитетите, резултатите и придонесот на кандидатите во развојот на правната мисла и систем, во смисла на исполнетост на условите од член 98 од Законот за судски совет со што се дерогира законската обврска за еднаков, меритократски и транспарентен пристап во постапката, што е спротивно и на темелните уставни принципи на еднаквост и отчетност при вршење на јавна функција, стои во пресудата.

Дополнително, од увидот во записникот од седницата се утврдува дека членовите на Советот се запознале со биографиите на кандидатите за првпат на самата седница и пристапиле кон гласање само за првиот предложен кандидат, додека, останатите два предлога биле игнорирани. Ова довело до нееднаков третман на кандидатите, нарушувајќи ја транспарентноста и законитоста на постапката, како и мерит системот кој треба да обезбеди објективна споредба на нивните квалификации и придонес.

 Исто така, од увидот во Записникот неспорно произлегува дека по излагањето на биографиите на кандидатите од страна на нивните предлагачи, членовите на Советот се согласиле поединечно да гласаат според редоследот на дадените предлози, по што се пристапило кон гласањето само по прво изнесениот предлог на членот на Советот, за кандидатот Е. Д. судија на Апелациониот суд Скопје, додека по останатите два предлози (вториот и третиот) за предложените кандидати Т. С. судија од Апелациониот суд Битола и А.Д. судија од Основен граѓански суд Скопје, не се пристапило кон гласењето, односно гласањето е прескокнато, по што прво изнесениот предлог бил усвоен и се утврдил предлог Е. Д. судија на Апелациониот суд С. за избор на еден судија на Уставен суд на РСМ од редот на судиите во Република С.М., се дополнува во пресудата.

Судот оценил дека тужбата на Антоанета Димовска, која е член на Судскиот совет и воедно била и кандидат за уставен судија, е основана. Судот наложи повторно постапување согласно законските критериуми за правичност, транспарентност и еднаквост, при што треба да се спроведе гласање за сите предложени кандидати со целосно почитување на критериумите пропишани во Законот за судски совет.

При повторното постапување тужениот орган треба да ги има во предвид укажувањата и забелешките содржани во оваа пресуда како и цитираните уставни и законски одредби, па по спроведување на законита постапка во рамките на своите уставни и законски надлежности, да донесе правилна и законита одлука која ќе се темели на Предлогот на С. с.за избор на уставен судија донесен во законита, транспарентна и објективна постапка со целосно почитување на мерит принципите и во согласност со член 98 од Законот за судски совет и начелата на правичност, транспарентност и еднаквост, потенцираат од Управен.

Уставната судијка Дуковска беше судија-известител за предметот со Законот за јазиците чија подготвителна седница беше закажана за 19 јуни.

Со пресудата таа се враќа на своето претходно работно место во Апелациониот суд Скопје.

Од Уставен суд најавија став по однос на пресудата.

дуковска Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 15, 2026Updated:May 15, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

ВЕСТИ May 15, 2026

Официјалната тридневна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, која воедно е и прва…

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.