Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аерозагадувањето не е само тивок проблем, туку убива масовно, ако не се преземат чекори, Македонија ќе продолжи да плаќа со човечки животи и економски загуби

0
By Marija Todorovska on May 20, 2025 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 20, 2025 12:06

Аерозагадувањето не е само тивок проблем, туку убива масовно и ако не бидат преземени решителни чекори сега, Македонија ќе продолжи да плаќа и во човечки животи и економски во загуба на БДП. Искуствата од други држави покажуваат дека со соодветна политика може да бидат постигнати резултати во период од три до пет години, а проблемот може да биде комплетно решен ва седум години, порачаа невладините организации кои учествуваат на надзорната расправа на собраниската Комисија за здравство за ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје.

Иако изгледа комплексно, според нив, потребна е само добра стратегија и конкретна одговорност и давање на конкретни задачи на институциите кој за што е задолжен.

Според Бојана Станојевска Пецуровска од Центарот за климатски промени, неопходно е воспостаување на координативно тело што ќе ја координира работата на сите институции и ќе го следи спроведувањето на мерките за намалување на аерозагадувањето.

Сите анализи покажуваат дека за да се справиме со аерозагадувањето не можеме само да таргетираме кон еден извор, туку мораме на сите извори да работиме паралелно. За сите извори се одговорни различни чинители, некаде индустрија, што значи таргетирање и контрола врз работата на индустријата, некаде транспорт, што значи треба да обезбедиме јавен транспорт, но најважно од се е фокусирање да обезбедиме алтернативни начини на греење на домаќинствата и на јавни објекти, нагласи Станојевска Пецуровска.

Според Ели Пешева од О2 Иницијатива, статистиката покажува дека земјава е на врвот во Европа по бројот на починати поради изложеност на ПМ 2,5 честичките – статистиката вели дека 303 лица на 100 илјади жители се во ризик.

Според Европската агенција за животна средина во 2022 година поради хронична изложеност на аерозагадување прерано починале 3 600 наши сограѓани, што е 16 проценти од вкупниот број починати во годината. Во Скопје 1 200 луѓе годишно умираат како резултат на загаден воздух, а УНИЦЕФ проценува дека 11,6 проценти од смртните случаи кај новороденчиња под една година се од аерозагадувањето, изјави Пешева.

За споредба, посочи Пешева, вкупниот број на починати од КОВИД-19 во земјава од 2020 до мај 2025 година е 9 976 лица, што покажува дека бројот на починати е далеку поголем од аерозагадувањето.

Економската штета од аерозагадувањето, посочи Пешева, изнесува меѓу 600 милиони до една милијарда евра годишно, додека директните здравствени трошоци се проценети на 253 милиони евра годишно. Според Светска банка од 2023 година, загубата е некаде околу 17,5 проценти од БДП.

Според нашите мерни станици, ако го исклучиме Лазарополе, рече Пешева, добар воздух има најмногу еден и пол месец во годината и тоа само во Кочани и Миладиновци, околу половина месец во Охрид и периферијата на Битола. На другите мерни места има само меѓу два и девет дена во годината. Според новите гранични вредности на ЕУ доволно добар воздух има само половина месец и тоа во зависност од мерните станици и четири месеци во годината, зависно од мерното место.

Ова покажува дека сите извори на аеорзагадување треба да биде сведено на минимум. Недостасуваат соодветни и континурирани мерки низ годините. Изгубивме драгоцено време заради преклопување и недоволно јасни ингеренции на институциите, нагласи Пешева.

Надзорната расправа ќе трае пет дена до 26 мај и на неа се поканети се сведоци од различни државни органи, институции, јавни претпријатија, научни институции и граѓански организации да учествуваат и дадат искази и одговори на членовите на Комисијата и на другите пратеници.

Ова ќе биде втора надзорна расправа за аерозагадувањето, откако на 25 февруари годинава  се одржа надзорна расправа организирана од Левица и од СДСМ во Постојната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, која не беше поддржана од владејачкото мнозинство.

аерозагадување комисија за здравство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.