Author: Marija Todorovska
На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простата, кој се проширил на коските, објави вчера неговиот кабинет.
На вчерашниот прв круг од изборите за претседател на Полска, неочекуван сензационален успех доживеа крајната десница, кога Славомир Менцен од радикалната националистичка Конфедерација, според прогнозите за исходот, освои 15,4 отсто и е трет, а на четврто место се најде Гжегож Браун со неочекувани 6,2 отсто од гласовите.
Градоначалниците на најголемите градови во Хрватска, Загреб, Сплит и Ријека, ќе се избираат во вториот круг од локалните избори, на 1 јуни, откако ниту еден од кандидатите на вчерашните избори не успеа да освои повеќе од 50 отсто од гласовите.
Проевропскиот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, ќе стане нов претседател на Романија, откако речиси сите преброени гласови до раните часови покажаа дека тој е пред неговиот крајно десничарски противкандидат Џорџе Симион во вчерашното гласање од вториот круг на претседателските избори.
Земјотрес со јачина од 4,5 степени беше регистриран кусо пред 3.30 часот на Евија, што е дел од низата земјотреси со ист епицентар во изминатите 24 часа во северниот дел на грчкиот остров, а предизвикана е помала материјална штета и пукнатини на над 50 објекти.
Во говорите често се нагласува значењето на образованието за иднината на државата, во пракса се гледа дека образованието не е приоритет во буџетот, ниту во стратегиското планирање.
Израелските безбедносни сили (ИДФ) денеска соопштија дека вчера извршиле воздушни напади врз повеќе од 150 терористички цели во Појасот Газа. Цел на нападите биле лансирни рампи за противтенковски ракети, келии на оперативците на Хамас и објекти кои се користат за напади врз израелските сили.
Првите разговори по три години меѓу украински и руски претставници во Истанбул за завршување на војната што ја почна Русија завршија по околу 90 минути, соопшти турското Министерство за надворешни работи.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците да воведат повеќе санкции кон Москва доколку Русија не се согласи на безусловен прекин на огнот за време на тековните разговори во Истанбул.
Русија и Украина повторно ги разменија телата на војниците убиени во конфликтот.
Додека се дискутира за внатрешната реформа на ЕУ, германско-француската оска се очекува да остане водечка сила. Иако Велика Британија излезе од ЕУ во 2016, таа повторно се враќа во иста стратешка орбита со Унијата. Значајна улога игра и Турција – како мост меѓу Западот и Истокот и како фактор во новата европска и глобална безбедносна архитектура.
