Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју / Жанета Ќосе: Учениците не се клиенти, а училиштата не смеат да станат фирми, образованието има поширока општествена мисија

0
By Marija Todorovska on May 17, 2025 ОБРАЗОВАНИЕ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 17, 2025 09:00

Во говорите често се нагласува значењето на образованието за иднината на државата, во пракса се гледа дека образованието не е приоритет во буџетот, ниту во стратегиското планирање.

Марија Тодоровска 

Разговаравме со комуникологот Жанета Ќосе за актуелните образовни политики, реформските правци, реториката и суштината зад иницијативите на новата влада, и за тоа каква стратегија стои зад промените што ги засегаат учениците, наставниците и целото општество.

Нова: По правило образованието е фундаментот на секое општество, како Вие гледате на актуелната образовна политика?

Ќосе: Актуелната образовна политика изгледа дека се движи низ континуирани, но често неповрзани и недоволно осмислени реформи. Се забележува обид за модернизација, како воведување на дигитални алатки и нагласување на компетенции, но честопати без системска поддршка, подготовка на наставниот кадар или долгорочен план. Постојат и контрадикторни пораки, од една страна се зборува за квалитет, но од друга страна, недостасуваат инвестиции во инфраструктура, обука и поддршка за наставниците.

Образовната политика е несистемска, фрагментирана и со чести импровизации.

Аргументи за потврда на тезата:

Често менување на наставни програми, без јасна евалуација на претходните резултати.

Недостиг од инвестиции во наставниот кадар: мали плати, слаба мотивација, недоволна стручна поддршка.

Дигитализацијата во образованието остана површна, често е повеќе PR отколку функционална промена, за што пример е недостиг од интернет или компјутери во руралните училишта.

Таков пример беше Програмата „Национална платформа за далечинско учење“ во време на пандемијата што беше воведена итно, но без доволно обука за наставниците и учениците.

Образованието не е експеримент што се менува со секоја нова влада, тоа е обврска што бара стабилност и визија.

Нова: Кај нас образованието е постојано во некакви реформи, кои се Вашите согледувања за тоа во кој правец тоа сега се движи и дали и колку е оптоварено со идеологија?

Ќосе: Реформите во последните години изгледаа како мешавина од неолиберална и технократска идеологија, а со новата Влада е со десничарска, традиционалистичка идеологија. Има обиди за примена на европски образовни рамки, на пример компетентностен пристап, кои што, за жал, се случуваат без длабоко вградување во локалниот контекст. Честопати изгледа дека реформите се водени од потреба за усогласување со надворешни барања од ЕУ или од Светска банка, а не од визијата за национални потреби. Забележлив е тренд на мерење и евалуација преку тестови, но недостига фокус на критичко размислување, креативност и градење на автономни личности.

Аргументи што би го потврдиле тврдењето/ставот се:

Се фаворизира „измерлива ефикасност“, резултати на тестови, ПИСА рангирања.

Фокусот е на „вештини за пазарот“, а помалку на вредности, критичко размислување и културна писменост.

Се преферира приватниот сектор преку јавно-приватни партнерства, што ја поткопува улогата на државното образование.

Пример е воведувањето на програми како „STEAM“ и „претприемништво во училиштата“, коишто често се спроведуваат без критичка педагошка рамка, повеќе како тренд.

Оттаму констатацијата дека учениците не се клиенти, а училиштата не смеат да станат фирми, зашто образованието има поширока општествена мисија.

Нова: Каков е односот на актуелната власт кон образованието, се наѕира ли јасна стратегија и визија?

Ќосе: Односот на актуелната власт кон образованието може да се окарактеризира како реторички важен, но суштински маргинализиран. Иако во говорите често се нагласува значењето на образованието за иднината на државата, во пракса се гледа дека образованието не е приоритет во буџетот, ниту во стратегиското планирање. Јасна, долгорочна стратегија е тешко да се идентификува, зашто има фрагментирани проекти, често сменети министри и недостаток на институционален континуитет. Недостасува вклученост на наставниците, родителите и учениците во креирањето на политиките, а визијата ретко се темели на истражувања и докази.

Сметам дека постои декларативна поддршка, но не и суштинска стратешка визија.

Ставот го аргументирам со фактите дека:

Недостасува долгорочна национална стратегија усогласена со реалните потреби (социјални, економски, културни).

Се менуваат министри и приоритети без континуитет, при што секој министер носи „нова реформа“.

Постои политичка инструментализација на образованието, зашто често реформите се прават без вклучување на стручната јавност.

Видливо е дека нема национална консултација за големи реформи, како што се нови учебници, дигитализација, интеграција на ПИСА резултатите.

Се потврдува тврдењето на Центарот за образовна политика дека образованието не може да биде колатерална жртва на дневната политика.

Жанета Ќосе образование ПИСА стратегија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.