Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На претседателските избори во Романија победи проевропскиот кандидат Никушор Дан

0
By Marija Todorovska on May 19, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Фејсбук профил Nicușor Dan
Фото: Фејсбук профил Nicușor Dan
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 19, 2025 09:45

Проевропскиот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, ќе стане нов претседател на Романија, откако речиси сите преброени гласови до раните часови покажаа дека тој е пред неговиот крајно десничарски противкандидат Џорџе Симион во вчерашното гласање од вториот круг на претседателските избори.

Со преброени гласови од повеќе од 99 отсто од избирачките места, изборната комисија во Букурешт соопшти дека Дан освоил приближно 54,1 проценти од гласовите, додека Симион заостанува со околу 45,9 отсто.

 Претстои тежок период, неопходен за економско ребалансирање за да се постават темелите на здраво општество. Ве молам, имајте надеж и трпение, им рече Дан на поддржувачите откако излезните анкети покажаа дека води.

Претходно, Симион се прогласи за победник, многу пред конечниот резултат и спротивно на прогнозите, пренесе ДПА.

Ние сме јасни победници на овие избори. Ја бараме оваа победа во име на романскиот народ, рече Симион на телевизија во живо пред своите поддржувачи во Букурешт по затворањето на гласачките места.

Тој даде слични изјави и на Фејсбук и X.

Пред изборите, Симион ги обвини властите за обид за изборна измама, иако не обезбеди докази.

Информативниот портал G4media.ro, цитирајќи неименувани извори од партијата AUR на Симион, јави дека се подготвуваат планови за оспорување на изборите доколку нивниот кандидат официјално биде прогласен за губитник.

Претседателските избори се повторување на гласањето од минатиот ноември. Тогаш, прорускиот кандидат Калин Георгеску победи во првиот круг, водејќи кампања главно на онлајн платформата TikTok.

Меѓутоа, непосредно пред закажаното гласање во вториот круг, Уставниот суд го поништи првиот круг поради неправилности во финансирањето на кампањата и му забрани на Георгеску повторно да се кандидира.

Изборите се сметаат за важни за Европската Унија и Украина, која повеќе од три години се брани од руска инвазија. Романскиот претседател има силно влијание врз надворешната и безбедносната политика.

Симион, кој е критичен кон поддршката за Украина, заврши околу 20 процентни поени пред Дан во првиот круг на гласање на 4 март, но не успеа да обезбеди апсолутно мнозинство. Дан, кој е усогласен со позицијата на ЕУ, ја поддржува Украина во нејзината војна против Русија.

дан Европска унија избори Романија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
shortcut
ФОКУС
August 13, 2026Updated:August 13, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

ВЕСТИ August 13, 2026

Грчките централни но и локалните власти велат дека мачно но сепак пожарот го имаат под…

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.