Author: Marija Todorovska

Собранието попладнево со 73 гласа „за“ и ниту еден „против“ изгласа Декларација за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите и за градоначалници на општините и на Градот Скопје.

Read More

Собранието попладнево во рамки на 68. седница без расправа и едногласно донесе повеќе закони, сите во второ читање. Донесени се измените на Законот за употреба на знаковниот јазик, на Законот за социјална сигурност за старите лица, на Законот за инвалидски организации и на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци.

Read More

Како одговор на нарушувањето на воздушниот простор на земјите членки на НАТО, Алијансата одлучи да ја започне операцијата „Источна стража“ за заштита на своето источно крило, соопшти попладнево генералниот секретар на Пактот, Марк Руте.

Read More

Пратеничките групи Патриоти за Европа (ПФЕ) и Левица поднесоа одвоени предлози до Европскиот парламент за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен.

Read More

Брисел: Компанијата „Мајкрософт“ се согласи на измени во своите практики со цел да ја отстрани загриженоста на Брисел поради поврзувањето на популарната платформа за тимска соработка Мајкрософт Тимс со нејзините апликации Ворд, Ексел, ПауерПонт и Аутлук, преку пакетите Офис 365 и Мајкрософт 365.

Read More

Одбраната на поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, тврди дека обвинението за случајот „Онкологија 2“ за несовено работење и финансиски криминал против нив е неосновано и политички монтирано врз основа на економско вештачење од лица кои се исто инкриминирани, наведувајќи дека станува збор за претходниот медицински и економски директор на Клиниката кои биле сменети од Васев.

Read More

Во урбаниот простор на Скопје на познатата локација на малиот сквер кај Ким е поставена нова уметничко-активистичка интервенција со наслов „Исклучи го говорот на омраза“. Централниот објект на акцијата се состои од огромен прекинувач со димензии 100x200x150 см, симболично претставен како копче кое граѓаните треба да го притиснат за да го исклучат говорот на омраза.

Read More

Поранешните медицински и економски директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, не постапувале во интерес на јавната установа и на пациентите, туку во свој личен интерес и во интерес на приватни компании, и со своите дејствија ја злоупотребиле и поткопале довербата во здравствениот систем и јавниот интерес, изјави обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, во воведен говор за случајот Онкологија 2.

Read More

Ниту Христијан Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ не можат да побегнат од одговорноста за еколошката катастрофа којашто му се случува на Скопје и труењето на граѓаните поради горењето на депонитте Дрисла и Вардариште, велат од СДСМ.

Read More