Author: Marija Todorovska
Осум пациенти денеска се враќаат од лекување во Турција, Бугарија и Словенија, а во странство остануваат хоспитализирани уште 18 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопшти Министерството за здравство.
Вработени во Зоолошката градина-Скопје денеска за време на паузата, поддржани од СОНК, излегоа на протест пред установата за да ги повикаат надлежните институции – Министерствотио за култура и туризам и Град Скопје да им ја исплатат платата за март.
Што е денес медиум и поради која негова функција може така да се нарекува? Ако ова се расчисти барем на ниво на основна дефиниција полесно ќе се согледа и одговорноста на оние форми на јавно општење кои ќе можат да се нарекуваат медиуми.
Информативниот простор во Северна Македонија е строго централно раководен од најголемата десничарска партија преку силното и јасно видливото влијание врз сите форми на медиумско известување а со особен командно настроен (штабски) модел на управување дури и во најситни детали.
„Репортери без граници“ според Индексот за слобода на медиумите ја рангираа Македонија на 42. место што е пад од шест места во однос на лани кога беше 36-та.
Откако „Репортери без граници“ ја рангираа Македонија на 42. место според Индексот за слобода на медиумите, што е пад од шест места во однос на лани кога беше 36-та, ЗНМ испратија реакција за потреба од суштински реформи во медиумскиот простор.
Слободата на медиумите низ целиот свет е во полоша состојба од кога било, според најновото годишно рангирање објавено денеска од организацијата за човекови права „Репортери без граници“, кое забележува дека новинарите во Европа имаат најголема слобода, објавија светските агенции.
Брод со пропалестински активисти се запали во меѓународни води кај Малта, а екипажот испрати СОС сигнал по, како што тврдат, напад со дрон.
Голем дел од медиумите се под директно или индиректно влијание на политички или бизнис интереси. Сè уште постои проблем со „copy-paste“ новинарството, недостаток на истражувачко новинарство и проверка на факти. Но сепак, има медиуми и новинари кои се залагаат за професионализам и етика.
Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, донесе одлука за раскинување на договорите со тројца евалуатори и нивно исклучување од базата на надворешни експерти. Лицата биле вклучени во процесот на евалуација без претходно да имаат завршено соодветна обука за оценување на апликации за доделување на грантови, што претставува сериозно отстапување од утврдените процедури и стандарди, соопштија од Агенцијата.
Македонија е позиционирана на 42. место во светот според Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници за 2025 година, што е пад од шест места во однос на лани кога беше 36-та.
Медиумската слобода кај нас може да се спореди со кислород на голема надморска височина. Формално присутна, но премалку концентрирана за здив со полни гради.
