Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Репортери без граници“: Слободата на медиумите низ целиот свет во 2025 година е на најниско ниво

0
By Marija Todorovska on May 2, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 2, 2025 12:21

Слободата на медиумите низ целиот свет е во полоша состојба од кога било, според најновото годишно рангирање објавено денеска од организацијата за човекови права „Репортери без граници“, кое забележува дека новинарите во Европа имаат најголема слобода, објавија светските агенции.

Слободата на медиумите во светот во 2025 година е на најниско ниво досега. Над половина од светското население живее во земји каде што ситуацијата е оценета како „многу сериозна“, се вели во анализата на организацијата.

Европа продолжува да биде регионот каде што новинарите можат најслободно да известуваат за настаните, нагласува таа.

Норвешка ја задржува својата водечка позиција и останува пример за следење, по што следат Естонија и Холандија, забележува „Репортери без граници“.

На дното од рангирањето се Кина, Северна Кореја и Еритреја, кои се рангираат на 178-мо, 179-то и 180-то место, соодветно.

Според рангирањето, медиумите и новинарите се соочуваат со „проблематична“, „тешка“ или „многу сериозна“ ситуација во три четвртини од 180-те оценети земји.

За прв пат, ситуацијата е „тешка“ на глобално ниво“, нагласува организацијата, наведувајќи ги како пример строгите економски ограничувања што ги воведе претседателот Доналд Трамп во Соединетите Американски Држави.

Далеку од Норвешка, која е на врвот на индексот деветта година по ред, Соединетите Американски Држави паѓаат за две места, на 57-мо место, зад Сиера Леоне.

Според рангирањето на „Репортери без граници“, ситуацијата е оценета како „добра“ само во седум земји, од кои сите седум се во Европа.

Покрај кревката безбедносна ситуација и растечкиот авторитаризам, економските притисоци создаваат проблеми и за медиумите ширум светот, забележаа „Репортери без граници“.

Германија, која минатата година беше на 10-то место, сега е надвор од првите десет поради „сè понепријателската работна средина за медиумските професионалци во земјата, особено поради нападите од крајната десница“, соопшти организацијата.

Повеќе од половина од светското население сега живее во земји каде што ситуацијата со слободата на медиумите ја категоризираме како „многу сериозна““, изјави директорката на „Репортери без граници“, Ања Остерхаус.

„Независното новинарство е трн во окото на авторитарните лидери“, забележа таа, нагласувајќи дека ова, пак, има економски последици.

Ако медиумите се лишени од финансирање, кој ќе ги разоткрива погрешните информации, дезинформациите и пропагандата? Поради оваа причина, покрај нашата секојдневна борба за безбедноста на новинарите, ние сме посветени и на зајакнување на економските темели на новинарството, рече Остерхаус.

Рангирањето на слободата на медиумите ја оценува ситуацијата во дадена земја или територија во пет области: политика, право, економија, социо-културна сфера и безбедност.

Годишното рангирање беше објавено еден ден пред Светскиот ден на слободата на медиумите, кој се слави на 3 мај.

медиуми Репортери без граници слобода
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.