Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вработените на ЗОО Скопје ја бараат платата за март

0
By Marija Todorovska on May 2, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 2, 2025 13:35

Вработени во Зоолошката градина-Скопје денеска за време на паузата, поддржани од СОНК, излегоа на протест пред установата за да ги повикаат надлежните институции – Министерствотио за култура и туризам и Град Скопје да им ја исплатат платата за март.

Миле Таневски, претседател на синдикатот во ЗОО-Скопје, рече дека не знаат зошто Министерството не им исплатило плата, ниту каде е настанат проблемот, со оглед дека дел од други локални институции  веќе зеле мартовска плата. Нагласи дека не обвинуваат никого туку си ја бараат заслужената плата. Речиси педесетте вработени во ЗОО последната плата ја зеле пред 45 дена и се соочуваат со прекин на здравственото осигурување.

Овој протест не го правиме против никого, не е ни против Култура, ниту против Градот, како што имаше препукувања преку некои медиуми. Овој протест е да нè видат дека ние немаме земено плата за март и ги поминавме и Велигден и 1 Мај без плата.  Последната ја зедовме пред 45 дена. Поради неземена плата на време, од вчера изгубивме и здравство, а имаме колеги што се на боледување. Ги замолувам надлежните што поскоро да најдат модус што поскоро да ја земеме платата за да не дојдеме до поголеми штрајкови. Има и судови и ќе поднесеме и претставки. Си ја бараме заслужената плата, а како и по кој основ ќе биде исплатена, дали по старо или по ново, за тоа има синдикат, има Влада и Министерство и тие ќе одлучат како да биде исплатена, изјави Таневски. За натамошните чекори што ќе ги преземат, рече, ќе се договорат во колективот.

Неговиот колега Мирослав Станковиќ, ЗОО-негувател, додаде дека не излегле на протест туку за време на паузата да пратат порака да им се реши проблемот.

Нашата работа не е лесна, надвор сме на сите временски услови и сме склони кон повреди секој ден, а сега веќе немаме ни здравствено осигурување. ЗОО-Скопје е подолго време арена за политички пресметки и препукувања меѓу сите политички чинители, на локално и на централно ниво. Нас тоа не нѐ интересира. Не сакаме ни протести туку решение зашто при крај ни се финансиските средства, истакна Станковиќ.

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, кој ги поддржа вработените на ЗОО на протестот, соопшти дека застојот е надминат кај институциите од културата на централно ниво и тие веќе ја примиле платата за март. Побара итно решение за ЗОО-Скопје или, рече, од утре веројатно вратите на установата ќе бидат затворени за посетителите.

За жал, дел од институциите коишто се на локално ниво од засега непознати причини сè уште немаат земено плата. Апсолутно е ирелевантно која е причината, многу е важна фактичката состојба. Вработените овде испоснички го поминаа и Велигден и 1 Мај и трпението на овие луѓе е при крај. Од денеска веќе немаат ни здравствено осигурување, тоа во најмала рака е нехумано зашто се секојдневно изложени на повреди. Итно мора да се најде решение за овој проблем. СОНК ќе ја земе работата под свое, оваа наша толеранција и коректност кон надлежните веројатно некој ја толкува како наша слабост. Апсолутно не е така зашто доколку не се исплати платата, од утре и натаму и вратите на ЗОО веројатно ќе бидат затворени, изјави Неделков.

На прашање дали за проблемот разговарал со директорот на ЗОО, одговори дека добил информација оти тој не е на работа.

По оваа прес-конференција очекував да имаме средба со директорот, но не е тука. Денеска писмено ќе се обратиме и ќе бараме итно средба со директорот, и не само со него туку и со други директори каде што сè уште има проблем. Директно, директорите се надлежни за исплата на плата, кој е виновен по хиерархија нагоре, нас во моментов не нѐ интересира, рече претседателот на СОНК соопштувајќи дека според негови информации и другите локални установи од културата кои се под Град Скопје немаат земено мартовска плата.

ЗОО плата СОНК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.